May 14, 2021, 2:34 am

Кој ги пpoдаде cpедношколците?

Поврзано

- Advertisement -

Многумина велат дека младите се размазени и мрзеливи и дека претеруваат со барањата.. па зошто сега да нема матура или да се скратат предмети.. и како младите барале преку леб погача.. но дали е навистина така?

Во среде пандемија младите се приморани да полагаат четири предмети и плус да презентираат проектна задача од 20 страни пред комисија. Секојдневно седат на предавања додека домашната ситуација им е катастрофална. Многумина немаат услови, следат од телефон за кој нивните родители едвај собрале крај со крај да им го купат, а пак професорите бараат се да биде напишано на “ворд” или да се направат презентации што од обичен телефон е невозможно.

Оваа генерација е прва со екстерно тестирање, прва со кембриџ програма, прва генерација со онлајн настава. И како што можеше да им се укине матурата на минатата генерација и на следната генерација да имаат два предмети и проектна за матурата зошто да не може и на оваа?

Тие не сакаат да им се укине матурата поради тоа што се плашат дека нема да успеат да научат или доволно да се подготват , туку поради тоа што едноставно не е праведно кон оваа генерација која ги поминува најубавите години дома затворена во четири ѕида учејки “од скратена програма” , и не отиде ниту на екскурзија ниту пак ќе има прослава за матурската вечер. Младите никогаш ништо не добиле од оваа држава, ниту образование како што треба, ниту здравство, а не па загарантирана работа после завршено високо образование. И тоа не се ни мал дел од проблемите кои што младите се соочуваат во Македонија. И потоа се прашувате зошто младите бегаат од државата.. па како да не бегаат кога во странство ќе добијат повеќе во првите 30 минути каде и да отидат, отколку што добиле за последните 20 години живеејќи во оваа држава.

Матурантите од цела држава да бојкотираат 13 работни денови за министерката Царовска на крај да каже дека не го менува нејзиниот став?? И професорите да им вршат дополнителен притисок дека доколку не присуствуваат на онлајн настава ќе добијат неоправдани, или дека ќе бидат избркани од училиштата, незнаејки дека според “член 156” во законот под повреда на правото за протест стои дека секој оној кој со сила или сериозна закана ќе му го одземе или ограничи правото на протест, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
И да не почнувам за Хондај кој изјави: Ако нашите барања не поминат во Собрание ќе ги земеме шаторите и ќе спиеме пред МОН.

“Бојкотот не е целосно прекинат, бидејќи ние нема да бојкотираме до Пленарната седница, кога ќе се знае дали ќе бидат прифатени нашите барања. Ако тоа не се случи, тогаш ние ќе се радикализираме со активностите кои ќе ги преземеме. Тоа значи дека ќе направиме протест ширум државата, ќе ги земеме шаторите и ќе спиеме пред МОН се додека нашите барања не се прифатат од нивна страна,” нагласи Бленди.

Како можеше Бленди Ходај кој најмногу се бореше за правата на матурантите преку ноќ нагло да го промени својот став? Кој и како успеа да го стиши најгласниот? Дали тој ја продаде својата душа на оваа корумпирана власт и зошто го направи тоа?

Затоа бегаат младите од оваа држава и се повеќе и повеќе се зголемува бројот на пензионери, а се повеќе се намалува бројот на новородени и млади во оваа корумпирана држава.

Latest News

Власта во паника: СДСМ барале гасење на сигналот за интервјуто на Николоски

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“. Вечерва емисијата...

More Articles Like This