КОЈ ДОБИ, А КОЈ ИЗГУБИ ОД КРИЗАТА: САД загубија контрола над Европа

Поврзано

АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ: Најстарата градба на древните Маи е изградена пред 3.000 години

Археолози од Мексико и од американскиот Универзитет на Аризона открија древна тврдина во југоисточно Мексико, за која се верува...

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6: Коронавирусот бил по грешка ослободен од кинеска лабораторија

Сер Ричард Диерлов, поранешен шеф на британската тајна разузнавачка служба (МИ6), изјави за подкаст от„ Планет нормал“ на Телеграф...

(Видео) Пyтин прогласи вонpeдна состојба: “Вие сте надвор од памет”

Претседателот на Русија, Владимир Путин свика итен состанок поради излевањето на дизел гориво во Норилск, пренесуваат руските медиуми. “Вие сте...

Масовни анкети и сеопфатни истражувања на светски аналитички центри за постпандемиското репозиционирање на глобалните сили Во екот на пандемијата на ковид-19 се појавија голем број анализи и написи што се обидуваа на јавноста да ѝ го објаснат, а некои и да ѝ го наметнат својот став во врска со прекројувањето на светската карта на сфери на влијанија. Но она што би требало да се издвои како последица од корона-кризата во геополитичка и геостратегиска смисла е новата реалност што се наѕира и за која стануваат свесни светските центри на моќ.

Каков е рејтингот на Кинезите наспроти Американците во најмоќната држава
во ЕУ?

Новата анкета објавена од страна на фондацијата „Корбер“ покажа изненадувачки резултати. Истражувањето покажа дека Германците во овој момент се речиси еднакво поделени во однос на прашањето кој им е поважен партнер, дали Вашингтон или Пекинг, а до корона-кризата не беше така. Имено, сега, 37 отсто од испитаниците се решија за САД, а 36 отсто за Кина. Во споредба со последната анкета на „Корбер“ од септември 2019, овие резултати покажуваат значителна промена во расположението на популацијата, зашто тогаш Германците им дадоа на САД предност од значителни 26 процентни поени повеќе во однос на Кина.

Секако, ова не значи дека германскиот народ има намера да „ѝ прогледа низ прсти“ на Кина. Дури 71 отсто од испитаниците сметаат дека поголема транспарентност на кинеската влада ќе го намалеше ударот од вирусот или ќе го спречеше ширењето на пандемијата. Но, истовремено, само 36 отсто изјавија дека нивното мислење за Кина се сменило кон полошо, за разлика од 73 отсто од анкетираните, кои со поинакви очи и со поголема недоверба гледаат на САД за време на кризата.

Како се толкува растот на поддршката на германскиот народ кон Кина

Што значат оваа анкета и расположение? Како прво – предупредување. Малкумина очекуваат транспарентност од кинеската Комунистичка партија. Кај луѓето постои воопштено уверување дека САД се на повисоко демократско ниво од Кина и затоа полесно се разочаруваат кога Вашингтон не успева во справувањето со предизвици.
Згора на тоа, уште од моментот кога Доналд Трамп влезе во Белата куќа, германското гледиште за САД е едно од најнегативните во цела Европа. Таква беше ситуацијата и кога на чело на САД беше Џорџ В. Буш, но позитивниот став кај Германците се врати веднаш откако на негово место дојде Барак Обама. Германската јавност не е многу постојана во однос на ставовите – со право или не, нејзиното мислење за САД се менува во зависност од тоа кој седи во Овалната соба.

– Германските ставови во однос на САД беа во слободен пад пред кризата со коронавирусот. Сомнежите во капацитетите на администрацијата на Трамп за справување со пандемијата и воочливото отсуство на глобалното лидерство на САД очигледно уште повеќе го засилија отуѓувањето – изјави за весникот „Форин полиси“ Нора Милер, извршна директорка за меѓународни работи во фондацијата „Корбер“.
Германските политичари, од друга страна, би морале посериозно да размислат при балансирањето во односите со Вашингтон и Пекинг. Американската демократија ги дели истите основни вредности со Европа. Тоа не е случај со Кина. Покрај тоа, САД веќе 75 години ја гарантираат безбедноста на Германија и на други европски земји. Поголемиот дел од овој период Кина го помина грижејќи се само за сопствените интереси.

Дали почна азиската ера на „владеење“?

Но светот се менува. Можеби живееме во предвечерието на новата азиска ера. Германските и другите европски политичари гледаат како се менува геополитичката ситуација и тоа влијае на нивните калкулации. Гледаа и како кинеската Комунистичка партија го прикриваше вирусот во раните недели на неговото појавување, но и како, по неговото ширење низ светот, наметна агресивна пропаганда и кампања за дезинформации, обидувајќи се да ја сврти приказната во своја корист. Наедно, германските политичари видоа и колку брзо кинеските власти успешно се справија со вирусот на своја територија, и покрај тактиките што не се прифатливи за либералните демократии – откако цврсто се фокусираа на тоа. Токму поради оваа решителност и ефикасност, многу е веројатно дека кинеската економија ќе закрепне побрзо од онаа на САД.

Кога ќе погледнат кон Соединетите Американски Држави, тие гледаат хаос -земја во која политичарите, иако се соочени со болест што одзеде 91.000 животи, сѐ уште не се способни да ги тргнат настрана ситните тактизирања и да соработуваат за општо добро. Гледаат администрација што ги одбегнува науката и глобалната соработка тогаш кога најмногу се потребни.
За жал, гледаат и претседател што е подготвен да користи најпогубни политички тактики во односите со Кина, ако смета дека тоа ќе ги зголеми тенките шанси за добивање уште еден мандат во Белата куќа.

Важно е да се истакне дека Европа не го гледа Трамп како причина за американската дисфункционалност, туку како нејзин симптом или забрзувач. Дури и ако Џо Бајден дојде на негово место, парализирачките политички сплетки и понатаму ќе останат присутни. Исто како и опустошената економија, предизвикана од криза за која Американците се покажаа како целосно неподготвени.
Можеби соработката со САД ќе стане полесна откако Трамп ќе си замине. Но колку долго ќе потрае таа? Американскиот неефикасен одговор на кризата со коронавирусот ги продлабочи овие сомнежи во Германија и другите европски земји.

Какво е расположението на Британците, а какво на Французите?

Според мајската анкета на британската непрофитна организација „Бритиш форин полиси груп“, само 28 отсто од Британците изјавиле дека имаат доверба во одговорното однесување на САД, што претставува пад од 13 процентни поени од јануари досега. Токму конзервативните гласачи, кои претходно изразуваа многу високо ниво на доверба во американската способност, сега се најодговорни за големиот пад на довербата.
Францускиот институт за јавно мислење ги праша своите граѓани кои земји се најспособни да се соочат со предизвици во наредните децении. Само 3 отсто го дадоа својот глас за САД. Априлската анкета на италијанскиот истражувачки институт СВГ покажа дека 36 отсто од анкетираните Италијанци сметаат дека нивната земја треба да се фокусира на развивање блиски односи со Кина, наспроти 30 отсто што се решија за соработка со САД.

Интересно е што во анкетата на фондацијата „Корбер“, најголем скептицизам кон Америка изразија помладите генерации, кои се пораснати во времето на ирачката војна, приказните за шпионирање од страна на американската агенција за безбедност и, се разбира, претседателскиот мандат на Трамп. Во возрасната група од 18 до 34 години, 46 отсто од Германците изјавиле дека е многу важно да се негуваат блиски односи со Кина, наспроти 35 отсто што ги одбраа САД.
Сево ова не значи дека Европа е насочена кон политика на еквидистанца помеѓу САД и Кина. Загриженоста за правецот кон кој претседателот Кси Џинпинг ја води Кина – поголема државна контрола, повеќе надзор, засилено заплашување на остатокот од светот – расте веќе подолг период.

Но тоа, секако, значи дека Европа ќе остане претпазлива кога се работи за заземање американска страна против Пекинг. Дали би се согласиле да му се спротивставите на школскиот насилник заедно со вашиот стар другар, на кого не можете да се потпрете? Што ако токму стариот другар почне да ве малтретира, како што тоа го направија САД со Европа во однос на 5Г-технологијата, продолжувајќи притоа да ѝ создаваат проблеми на Велика Британија, со тоа што инсистираат да реши дали ќе потпише трговски договор со Вашингтон или Пекинг? Веројатно не би сакале да се соочите со насилникот со ваков другар покрај себе.

Наместо тоа, Европа се заштитува себеси и своите интереси. Во моментов преговара со Пекинг за сеопфатен инвестициски договор и заеднички мерки во борбата со климатските промени. Склучувањето на овие договори е голем залак за Европа, но ако, сепак, се случи во годината на американските избори, тоа ќе испрати уште еден сигнал дека САД ја губат Европа поради својот приоритет број еден во областа на надворешната политика, а тоа е Кина.

(foreignpolicy.com)

Актуелно

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

Повеќе вести