КОЈ Е ЗАЕВ ДА ОДЛУЧУВА ВО НАШЕ ИМЕ: Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по објавата на Заев дека прифатил име со географска одредница!

  • February 6, 2018

Не стивнуваат реакциите по најавата на Зоран Заев за прифаќање на географска одредница во уставното име на државата.

Професорите Димитар Апасиев и Билјана Ванковска први бурно реагираа на социјалните мрежи.

Професорот Димитар Апасиев и член на президиумот на политичката партија Левица, запраша кој тоа е подготвен? Наведувајќи ги иронично Заев, Анѓушев, Шеќеринска и соросовата пропаганда.

Тој во својот Фејсбук пост вели ,,Кои тоа сте ,,ПОДГОТВЕНИ’’ бе? Ти, Кочо, Рада и Сорос-пропагандата!?’’ употребувајќи го хаштагот и повикувајќи се на правото на самоопределување.

Професорката Билјана Ванковска исто така го искажа противењето на промената на уставното име на државата. Таа на својот Фејсбук профил го сподели постот на Димитар Апасиев и коментираше:

„НЕ ВО МОЕ ИМЕ! Ни Горна ни Долна, ни Северна ни Јужна! Само РЕПУБИЛКА МАКЕДОНИЈА! Стратегијата кажува дека Македонија нема шанси за влез во наредните 10-тина години, а ни перспективите на ЕУ не се сјајни’’, пишува Ванковска.

Имено јавноста бурно реагираше на денешната изјава на Заев во која тој изјави дека е прифатлива географска одредница за името на нашата држава, со цел решавање на спорот за името. Иако јавноста беше изненадена од изјавата на Заев за познавачите кои ја следат политичката состојба во државата ова не беше неочекувано.

Во континуитет експертите предупредуваа дека преку координирана медиумска кампања од страна на медиумите контролирани од СДСМ, контролирана од центарот за комуникации на СДСМ, јавноста во Македонија беше припремана за решение на спорот, штетно по македонските национални интереси.

Реагираше и екс-пратеничката на СДС Солза Грчева, која е во најава за формирање на сопствена политичка партија.

„Ако некој сака да има географски поим во името, ќе речам ДОЛУ ВЛАДА!

Кој има право да ја преименува Македонија? НИКОЈ и НИКОГАШ! Само луѓе без корен, без семејни традиции, луѓе кои не оставиле траги во минатото, сакаат да ја кројат нашата иднина.

Македонија не е фирма, па да се ребрендира.
Не во мое име!“ – пишува Грчева.

Претходно «
Следно »