October 27, 2021, 8:05 pm

Кој е Коки Поки, и како изгледа новата pekeтapcka шема во СДСМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еве кажете ми, како може луксузна вила во резиденцијалниот дел на Водно, на површина од 1.658 квадратни метри, со сопствен базен, претходно користена како резиденција на шведската амбасада во Македонија, проценета од банка на 1.4 милиони евра, да се продава за неверојатни 110.000 евра – неверојатно, нели?

Но ајде да ги разгледаме фактите и настаните кои довеле до ваквата нереална проценка на имот кој е во приватна сопственост.

Во текот на месеците октомври и ноември, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, донел одлука и издал наредба за изготвување на вештачење до Министерството за правда – Биро за судски вештачења, по чија наредба за вештачење овој објект од 1.658 квадратни метри и сопствен базен е проценет на вредност од 6.900.000 денари.
За да биде „трагедијата“ поголема, Бирото за вештачење ја класифицира вилата на Водно како „стан“ како покритие за ниската проценета вредност. Но она што уште повеќе збунува, е што во 2017 година, истиот овој објект бил проценет на вредност од 1.3 милиони евра.

И сега замислете, од 1.3 милиони евра во 2017, истото владино тело ја проценува куќата на 110.000 евра? – Нешто смрди, а?

А што тоа мириса?
Па, нелогично е еден в.д. директор да си ја ризикува својата слобода и кариера ако некој „поголем“ од него, не ја бара оваа услуга.
Услугата која се бара од в.д. директорот на Агнецијата за управување со одземен имот Фатон Асани, не е само во проценката, туку и во убрзувањето на постапката за ставање на објектот на лицитација, иако истиот овој објект е под управување на Агенцијата од 2008 година.

За да ја оправда ваквата одлука, Асани се повикува на пресуда од 2008 година, со која пак, Советот на Кривичниот суд овој објект го ослободил од извршување, поточно од решение за обезбедување на имот, со што сопственикот на имотот можел слободно да располага.

Арно ама, еве некој сака сега да го купи – оттука и притисоците и рекетот.

Кривична пријава
Против директорот на Агенцијата за управување со одземен имот веќе има поднесено и кривична пријава поради злоупотреба на службена должност и затоа што:

– Фатон Асани како в.д. директор на Агенцијата за управување со одземен имот, сочинил и издал Решенија врз основа на кои отпочна конфискација на имот врз основа на пресуда, која пак не се однесува на имотот за кој е донесено решение за конфискација, односно, спроитвно на решение на Кривичниот суд носи решение кое е на штета на сопственикот на вилата.

За ситуацијата да биде уште посериозна, во кривичната пријава против Фатон Асани се наведени и низа други злоупотреби меѓу кои и бесправно управување со имот(деловен простор во ГТЦ) под обезбедување на Агенцијата, кој директорот си го издавал на продавница за чевли, иако како конфискуван имот истиот не смее да се користи.

Кој го штити Асани?
Засега со сигурност не знам, но можам да прашам:
– Дали Коки Поки, е всушност Коста Костадинов?
– Дали Коки е заинтересиран да ја купи вилата за себе, или за некој друг?
– Од каде му се на Коки 1.3 милиони евра – односно, од каде му се 110.000 евра?
– Точно ли е дека еден бизнисмен од Куманово (дилер на автомобили) е заинтересиран за вилата?

Одговорите јас ги имам, а ги имам и доказите – писмени и мултимедијални. Но, еве можност да одговорат самите.

A.Mитовски

Latest News

Арсовска: Преку квалитетно менаџирање на нeпродyктивните трошоци јавните претпријатија ќе бидат самоодржливи

Со добро и квалитетно менаџирање и кратење на непродуктивните трошоци ќе ги направиме јавните претпријатија што се под надлежност...

More Articles Like This