КОЈ ИЗВАДИ ВОЈСКА НА УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ: Војници на АРМ спротивно на Уставот и законите обезбедуваа пратеник – кој ја стави војската контра народот?

  • March 20, 2018
  • Коментари

Кој ја злоупотреби Армијата на Република Македонија, и надвор од уставните и законските рамки ја прераспредели на служба пред домот на пратеникот на СДСМ Далибор Богдановски во Сопиште, е прашањето кое го поставува јавноста деновиве

 

Дилемата за ваквото однесување јавноста ја отвори, откако медиумите објавија дека освен полиција, пратеникот на СДСМ од Сопиште го чуваат и припадници на армијата. Според очевидци, на лице место имало и цела чета која била во непосредна близина на куќата на пратеникот.

Освен војската, присутни биле и преку 80 полицајци, кои со употреба на присилни мерки го истуркале насобраниот народ кој протестирал против одлуката за носење на законот за двојазичност, околу 100 метри подалеку од куќата на пратеникот, истовремено блокирајќи ја единствената сообраќајница кон општината.

Согласно законот за АРМ, војската може да се прераспредели на обезбедување на објекти и лица, само во случај на воена состојба кога е од витално значење да се заштитат функциите кои одлучуваат и креираат стратешки план за одбрана на земјата. Во мирнодопско време, АРМ е ангажирана да го чува Претседателот на Р.Македонија, кој во исто време е и врховен командант на силите. Обезбедување од АРМ добиваат и генералите во генералштабот.

Војската обезбедува и објекти, но само кои се под надлежност на армијата и од витално знчење за нејзиното функционирање, како што е Генералштабот и резиденцијата на Врховниот командант.

Што се однесува на лица, АРМ може да обезбедува воени лица и странски воени делегации, покрај врховниот командант и офицерите на армијата.

Оттука се поставува прашањето, кој дал команда, спротивно на законот и уставот Армијата да се стави во служба на партиски функционер? Кој ја ставил АРМ во ситуација да се спротивстави на сопствениот народ? И, од каде дрскоста да се вади војска на улиците во време на мир?

На овие прашања се обидовме да побараме одговор од Министерството за одбрана, но не добивме.

Според експертите, планот за обезбедување може да го донесе Генералштабот, но сугестија или барање може да испрати и министерот за одбрана, во случајов Радмила Шеќеринска. Според познавачите на армијата, одговорноста треба да се бара токму од Радмила Шеќеринска, која на Армијата гледа како средство за поткусурување, додека војската нема моторно масло за тенковите, нема храна, опрема, вода и соодветни услови за претстој во касарните.

 

Претходно «
Следно »