КОЈ КОГО СЕ ОБИДУВА ДА НАПРАВИ БУДАЛА: ДУИ тврдат дека СДСМ прифатиле промена на јазикот, казни за негова неупотреба, промена на парите, дебата за промена на химна, знаме и грб- СДСМ се уште молчи!

  • March 3, 2017
  • Коментари

ДУИ одлучи да му ги даде своите потписи на СДСМ за формирање нова влада. Најавите на СДСМ се дека доколку дојдат на власт ќе се воведе двојазичност на целата територија на Македонија, ќе прифати дебата за промена на химната, знамето и државниот грб, албанскиот јазик ќе го има на парите, а ќе се воведат и казни за неупотреба на албанскиот јазик.
albanski-pari-dui-potpis

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во Мала Речица изјави дека партијата ги дава потписите за да се деблокираат некои процеси и да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија.

– Сега само даваме подршка за мандат, да се деблокираат некои процеси, затоа што не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат. Но тоа не значи дека имаме договор за коалиција. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите, истакна Османи.

Сепак, ДУИ заедно со лидерот на СДСМ Зоран Заев се договориле албанскиот јазик да го има на парите, а паднал договор и за воведување казни од 3.000 до 5.000 евра за неупотреба на албанскиот јазик. За овие теми Османи зборуваше во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија.

-Како член 8 од овој закон, и банкнотите и монетите ќе бидат на албански…, посочи Османи.

Додаде и дека за време на преговорите Заев прифатил воведување казни за неупотреба на албанскиот јазик.

–Овој закон е за употреба и заштита на албанскиот јазик. Тука многу јасно се предвидени механизмите за набљудување на употребата на албанскиот јазик и казнувањето на евентуалното неупотребување на албанскиот јазик. Со прецизни казни се предвидуваат три до пет илјади евра за институцијата, 30% за физичкото лице на таа институција. Дефинирани се сите компетенции на тој инспекторат, но и на агенцијата која ќе го направи стандаризирањето и одбраната, рече Османи.

СДСМ, пак, со молчење ги потврдува информациите на ДУИ дека ќе се менуваат банкнотите. Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски во интервју за телевизија Телма не ги отфрли тврдењата на портпаролот на ДУИ Бујар Османи, дека во замена за поддршката за добивање на мандатот, СДСМ се согласил на промена на банкнотите и амблемите во војската и полицијата.

Она што Заев го договара, неговите блиски луѓе го премолчуваат пред камерите, а во народот создава тензија поради неизвесноста. Спасовски молчи и за промена на амблемите на војската и полицијата.

Во „Топ тема“, Спасовски дрско одби да одговори и што договориле СДСМ и ДУИ за употребата на јазиците.

-Вие можете да прашате како сакате, и јас не ви забележувам дали е тоа новинарски или не, а јас можам да ви одговорам исто така како што сметам дека треба да ви одговрам, рече Оливер Спасовски.

Заев претходно, пред членството на партијата лажел дека не се договорени сите детали од Законот за јазици, иако портпаролот тоа го демантираше.

Лидерот на СДСМ на седница на Централниот одбор на партијата истакнал дека не се договорени сите детали и Законот не е номотехнички усогласен, наспроти изјавите на Османи, кој нагласи дека Законот е целосно усогласен и усвоен од Централното претседателство на ДУИ.

Ваквото извесно ретерирање на Заев доаѓа поради се’ поголемото растечко незадоволство од постигнатиот договор, со кој се официјализира албанскиот јазик како втор службен јазик во државата, и се руши унитарниот карактер на државата.

Заев меѓудругото истакнал дека се договорени две фази и дека најверојатно ќе се одложат локалните избори, исплашен поради се’ поголемото незадоволство од народот поради постигнатите решенија.

Претходно «
Следно »