КОЈ САКА НАРОДОТ ДА ГО ПРОГЛАСИ ЗА ТЕРОРИСТИ: Никој не го виде палењето на Македонското знаме во Солун, но го видоа Грчкото во Скопје

  • February 28, 2018

Палењето на Македонското знаме во Солун на масовните протести минатиот месец, поминаа речиси незабележано во Македонските медиуми, иако вандалскиот чин беше поздравен со скандирање и аплаузи од 90.000 присутни на протестите, меѓу кои и видни претставници на Грчката влада, армија и свештеништво

 

Но, за разлика од осудата на палењето на знамето на македонската држава во повеќе наврати во Косово, последен пат по изрекувањето на пресудите за учесниците во терористичкиот напад во кумановско „Диво Насеље“, во случајот со Грција немаше официјален протест од македонска страна, каков што побара најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа пак, во текот на вчерашниот ден, про-владините медиуми најдоа фотографија од палење на Грчкото знаме во изолиран случај, кој голем дел од демонстрантите не го виделе. Дали се работи за уфрлени провокатори кои служеа за да се фрли дамка врз протестот не е јасно, но она што со сигурност може да се потврди е дека организаторите постојано повикуваа на избегнување на вакви инциденти неколку дена пред протестот, а беше повторено и од страна на говорниците на вчерашниот семакедонски протест.

Дел од медиумите, кои ја променија нивната лојалност по промената на власта пак, се обидоа да импутираат и информации дека биле пронајдени и молотови коктели, а наводно дел од демонстрантите фрлале и камења кон полицјаците, иако на ниту еден од преносите во живо, вклучително и оној на „Инфомакс“ не можеше да се забележи никаков инцидент.

Кој се обидува да фрли дамка врз протестот, и повторно да го етикетира насобраниот народ како терористичка организација останува да видиме.

Претходно «
Следно »