КОЈ СО ШТО Е УЦЕНЕТ, ПОРАДИ ШТО ГО ПРЕДАДОА НАРОДОТ: Зошто вчера се случи црниот петок?

  • October 20, 2018

Вчера во Македонија се случи црниот петок, црниот петок за македонската демократија, црн петок како погреб на една самостојна и суверена држава Република Македонија. Вчерашното предавство на опозциските пратеници е на рамниште со предавството на Коте од Руља, Вадкун Квислинг, Брутус и многу други историски личности запаметени по своето предавствот.

Судството дефинитивно е отворено како пупка од страна на Заев, а јасно е дека СЈО и ОЈО служат единствено за исполнување на политичките цели на Заев и СДСМ. Вчера Елизабета Канчевска, Владанка Авирович, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Емилија Александрова и Нола Исмајловска и Зекир Рамчиловиќ се покажаа како недостоинствени да ја носат улогата на нардони избраници, тие потпаднаа на заканите, уцените, притисоците и поткупот на Заев и го предадоа својот народ и држава.

Елизабета Канчевска Милевска- УЦЕНЕТА

Екс министерката за култура и една од најодговорните за спроведување и идеолошко поткрепување на проектот Елизабета Канчевска Милевска вчера гласаше за. Канчевска е обвинета за случајот на СЈО за Скопје 2014, поради фактот што таа  беше државен секретар за култура во периодот 2006-2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“. Во нејзиниот мандат како министерка за култура од јули, 2008 до ден денес, се реализира овој проект. Јасно е дека таа вчера го даде својот глас за промена на името на Македонија само за да се спаси од долгодишна затворска казна која и се заканува поради обвинението од СЈО!

Владанка Авировиќ – УЦЕНЕТА

Просечниот македонски граѓанин кој не ја следи доволно политиката можеби не е познат фактот дека синот на пратеничката Владанка Авировиќ отслужува казна затвор од три години, бидејќи наводно како управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ направил злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Синот на пратеничката, Василие Авировиќ беше осуден во случајот на СЈО под кодно име „Труст“. Таа гласаше за уставни измени по договорот со Заев дека нејзиниот син ќе биде ослободен од обвинение или неговата затворска казна ќе биде намалена доколку таа гласа за Северна.

Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски – УЦЕНЕТИ

Да се потсетиме дека на овие граѓани на Северна Македонија само пред неколку дена по 8 месеци поминати во домашен притвор,  Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Муковски им беше дозволено да се бранат од слобода. Овие Северџани се гонат за тероризам во врска со настаните од Собранието на Р Македонија од 27 април. Нивниот договор со Заев е да бидат ослободен од обвинение, а во замена да гласаат за промена на уставот на Република Македонија.

Зекир Рамчиловиќ – СПАС ЗА СЕАД

Зекир Рамчиловиќ вчера исто така го даде својот глас за Северна, а според нашите информации единствена цел на ваквото делување е спас за неговиот пријател Сеад Кочан од кој многу веројатно ќе добие и значителна парична награда за ваквото негово дело. Бизнисменот Сеад Кочан беше осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО заедно со Василије Авировиќ, син на пратеничката Авировиќ.

Емилија Александрова, Нола Исмајловска Старова – ГО ПРОДАДОА КУЧАТА

Додека затворот беше мотивација за останатите 6 пратеници овие две граѓанки на Северна го продадоа кучата. Пратеничката Емилија Александров и Нола Исмајловска според нашите информации добиле значителна парична надомест во замена за својот глас за промена на името на Македонија. Паричната надомест понудена од Заев се движела помеѓу 250 илјади и 2 милиони евра. Веројатно ќе се многу гневни ако дознаат дека некоја од нив добила повеќе од другата.

Претходно «
Следно »