КОЈ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА ПРЕД НУКЛЕАРНИТЕ СИЛИ: Миленко Неделковски ќе ја кажува вистината за Македонија пред светските супер сили!

  • August 10, 2016

Новата телевизиска сезона е на прагот. Во последниве години секоја ТВ сезона практично е и политичка сезона. Оваа есен ќе има избори во САД, а веројатно и кај нас во Македонија.

nuklearen_silos

Македонија како мала земја, многу малку, дури би рекле воопшто, не е застапена во странските медиуми со свои аналитичари, дебатери. Луѓе познавачи на состојбите  што ќе ја кажат вистината за Македонија.

Единствен исклучок во Македонија е колегата Миленко Неделковски.

Наспроти сите професори, експерти, аналитичари, академици, новинари, колумнисти и филозофи кои со своите ставови допираат само до границите на домашните медиуми и социални мрежи, Неделковски неколу години по ред е редовен гостин на сериозни дебати и конференции низ светот (Париз, Виена, Москва, Берлин, Белград…) каде ја кажува и застапува вистината за Македонија, и директно ја пренесува ситуацијата во која се наоѓа нашата држава.

Како што дознаваме и во следната сезона Неделковски е поканет да гостува на елитна гео-политичка конференција во една од најголемите и највлијателни земји во светот.

Неделковски засега темата и земјата каде ќе гостува ја држи во тајност, но може да се претпостави дека е земја со огромна армија и со атомско наоружување.

Претходно «
Следно »