КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ОВАА КТСТРОФА ВО БИТОЛА:Свињи се хранат со остатоци од комунален отпад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На десетина километри од Битола се наоѓа депонијата Мегленци каде се депонира комуналниот отпад од Битола, Новаци и Могила. Овде се депонира 80 тони отпад дневно, однодно 25.000 тони годишно од сите три општини.

Ова беше сликата која ја затекнавме денес.

Десетина свињи кои се хранеа од купчињата комунален отпад. По нив и околу нив се вртат кучиња. Јато чавки ја надлетуваат депонијата, а веднаш отспротива се оџаците на РЕК Битола. Овде често доаѓаат и собирачите на пластика кои на ваков начин си го бараат решението за егзистенција. Денеска ги немаше. Загрижувачката е сликата на свињите кои се хранат од депонијата. Се поставува прашањето на чија трпеза завршуваат? Свињите сами доаѓале од околните села и сами си оделе, без стопан. Од ЈП „Комуналец“ велат дека во работно време вработените ги спречуваат овие појави, но ова се случува после работното време и во викенд.

-Цела депонија ја обезбедуваме со еден стражар, еден стражар за 6 хектари е многу површина. Депонијата е заградена, постоајно се обновува мрежата, но некогаш се случува свињи и луѓе да влезат и во депонијата, не можеме целосно да го покриеме и да го обезбедиме, вели Панеде Богоевски, директор на ЈП Комуналец Битола.

Овој проблем постои со години и со него се запознати сите, вели Богоевски. Освен стражарската служба на „Комуналец“, често пати реагирала и полицијата.

-Доаѓа до конфликт некогаш, меѓу стражарот и луѓето кои собираат, но тие луѓе имаат материјално лоша финансиска ситиација и се приморани да го прават тоа. Ние се обидуваме да им укажеме дека не е во ред тоа и ги отстрануваме. МВР секогаш постапуваат, им укажуваат, ќе ги снема, но потоа пак истото се случува, вели Богоевски.

СкоРо две децении се разговара за изградба на заедничка регионална депонија на пелагониските општини. Само на тој начин животната средина ќе се заштити, а и оваа слика може да биде минато. Во март годинава битолскиот совет донесе одлука за давање согласност за основање регионална депонија, но се уште не се знае ниту лоикацијата, ниту до кога треба да се изгради.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This