КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПЕКОЛОТ НА ЗЕМЈАТА: На уредничката на „Раша Тудеј“ и дојде преку глава од немешањето на Русија во внатрешните работи на земјите кои се мешаат!

  • February 5, 2018
  • Коментари

Главната уредничка на телевизијата РТ (Раша Тудеј) Маргарита Симоњан на својот профил на Телеграм го коментираше животот во разрушениот од војна Мосул

© AP Photo/ Felipe Dana

„Мртво девојче кое загинало од бомбите на коалицијата и понатаму лежи во рушевините на Мосул. На улиците и во куќите куп лешеви кои се распаѓаат, а никој не ги собира веќе седум месеци по прогласувањето на победата!“

„Тоа го снимија нашите луѓе. Бараме реакција од владите на земјите одговорни за овој пекол на земјата и хуманитарните организации: ако тоа воопшто е возможно?! Но тие обично тоа го игнорираат. Не прашувме прв пат“, пушува Симоњан.

„Русија да беше Америка, веќе во сите западни медиуми ќе бе крваво завивање и плач, веднаш би се собрал Советот за безбедност на Обединетите нации да осуди, да воведе и да ги засили санкциите, веднаш шефовите на државите кои такво нешто дозволиле би се прогласиле за воени злосторници“, истакнува таа.

„А ние молчиме. Во најдобар случај – тивко шепотиме. Тоа, демек, не е наша работа. Ние, како, не се мешаме во работите на државите кои се мешаат во работите на други држави. Понекогаш им завидувам, my friends“, пишува Симоњанова.

Западната коалиција го ослободи ирачки Мосул од терористите на ИСИС пред пет месеци. Градот и понатаму е во рушевина. Жителите на Мосул зборуваат дека под рушевините се наоѓаат тела на илијадници загинати. Родителите продаваат и тоа последно што им останало за да ги нахранат децата. Секој ден луѓе умираат од заостанати мини.

https://www.youtube.com/watch?v=lXgoKkjmq8E

Претходно «
Следно »