КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ се посигурно во победата

  • December 9, 2019
  • Коментари

Од јуни до декември, рејтингот на СДСМ забележал вртоглав пад од речиси 2% на генералната популација, додека кај етничките Македонци владејачкта партија забележува пад од повеќе од 5%. Кај етничките Албанци пак, СДСМ продолжува да губи гласови. Во апсолутна бројка на гласови, 2% значат околу 25.000 гласови кои СДСМ ги загубиле за шест месеци.

Ако се земат бројките од предвремените парламентарни избори во 2016. година кога СДСМ доби 36,6% од гласовите, тоа би значело дека сега, точно две години подоцна владејачката партија има загубено речиси 20% од рејтнигот кај граѓаните, или во апсолутна бројка околу 200.000 гласови.

Од една страна, ваквите рејтинзи за ВМРО-ДПМНЕ значат дека нивното гласачко тело е монолитно, партијата нема сериозни потреси а коалициите се стабилни – наспроти информациите на медиумите блиски до владејачките структури дека во опозциијата владее раскол. Ова е демант на таквите дезинформации. Впрочем тоа го потврди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

„Тоа е показател дека сите оние шпекулации за наводни внатре, во рамките во гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, нестабилности односно, пореметувања се уште една лажна вест на немоќната кујна на ‘Илинденска бр.2’. Станува збор за цврста солидна гласачка структура, која што во периодот што следува откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира понудата се повеќе ќе се зголемува“ – вели Мицкоски.

Вторриот аспект на ваквите резултати од испитување на јавно мислење можат да значат и дека граѓаните кои биле прашани да одговорат на овие прашања, се чувствуваат несигурно, поточно се исплашени дека доколку го дадат својот одговор некој ќе ги линчува и ќе им се одмазди – иако анкетите се анонимни, стравот сепак преовладува.

Овие граѓани најчесто одговараат со „незнам“ или „немам одговор“. Но, токму оваа група на граѓани е онаа која пресудува на сите изборни циклуси, а овој пат нивниот број е и најголем. Секако, тука е и апатијата која граѓаните ја чувствуваат кон политиката генерално. Немањето на соодветни и различни понуди на политичките субјекти, сличната реторика и секојдневните афери и скандали ги оттргнуваат гласачите од интересот за политика.

А, гласачи кои немаат интерес за политика се гласачи која секоја политичка партија ги посакува. Тие, се генерално изморени од политичките пораки, бидејќи додека овие се препукуваат на дневна основа, тие – гласачите едвај врзуваат крај со крај. И така, 30 години.

„Немојте да ги потцените оние кои се изјаснуват со ‘незнам’ или ‘не кажувам’ и така натаму, бидејќи стравот е огромен поради целокупната реална слика која што владее во Македонија во овој момент. А тука пред се мислам на притосците, уцените, заканите кои што на дневна основа стигаат до мене.“ – констатира Мицкоски.

Заканите и уцените се само дел од она што го храни стравот кај Македонските гласачи. Не смееме да заборавиме дека СДСМ ја превзема власта благодарение на прислушкувани телефонски разговори, објавувајќи ги јавно во Универзална сала, на телевизија, на прес конференции.

Таа пракса продолжува и денес. Секојдневно се објавуваат снимени разговори, што телефонски, што приватни разговори правени во домашна атмосфера – и тоа секогаш кога на власта нешто не и е по ќејфот.

На крајот, гласачот е тој кој што го дава послдниот суд. Сам, позади параванот. Без никој да го знае.

А.Митовски

Претходно «
Следно »