КОЈ ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ИНАГУРАЦИЈАТА НА ПЕНДАРОВСКИ: Досега е потврдено присуството на претседателите на Бугарија, Албанија и Косово

Поврзано

ВИДЕО: Снег во мај е изненадување, а не во јануари

Прогнозите дека деновиве ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и дека поради релативно ниските...

(Видео) ПУКАНО ВО ШЕФОТ НА НА КАВАЧКИОТ КЛАН: Македонец дел од мафијашката престрелка во Киев

Напаѓачите на шефот на кавачкиот клан Радое Звицер, кој вчера е тешко ранет во Киев, се уапсени и станува...

МОБИНГ ВО МНР: Македонскиот дипломатски синдикат со жестоки критики за Димитров

Последните години, дисциплински постапки во МНР се спроведуваат, речиси исклучиво, против членовите на Македонскиот дипломатски синдикат и неговото раководство....

До крајот на денот се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери и официјално за недела напладне да ја закаже седницата за инаугурација на новиот македонски претседател Стево Пендаровски.

Премиерот не го признава новиот претседател Пендаровски – Сите на инагурација, Заев на одмо

Во изјава за МИА, претседателот на Собранието Џафери посочува дека досега потврда дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи.

Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.

Покани за присуство на инауграцијата преку Министерството за наворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија, како и од земјите од регионот.

Досега е потврдено присуството на претседателите на Бугарија, Албанија и Косово, Радев, Мета и Тачи, заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, рече Џафери.

Седницата треба да започне напладне, а откако ќе биде отворена новоизбраниот претседател треба да даде свечена изјава, ќе има обраќање пред народните избраници, по што ќе следува свечен коктел.

Џафери посочува дека роковите истекуваат, но оти Собранието ги има подготвено техничките детали за седницата навреме.

Сметам дека се ќе се одвива според предвиденото, рече претседателот на Собранието во изјава за МИА.

За тоа дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на инаугуративната седница, тој вели дека нема причина тие да не дојдат.

Изборите беа како што беа, и од политички аспект мислам дека нема причина да не присуствуваат на седницата, вели тој нагласувајќи дека тој информацијата до сите пратеници ќе ја испрати навреме.

Џафери информира дека на 16 мај, четврток, ќе биде закажана седница за прегласување на неколку закони што не беа потпишани од се уште актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, а беа донесени на 24 април. На оваа седница на дневен ред ќе бидат и закони во второ читање. Исто така на 16 мај ќе биде закажано продолжение на 91 и 94 седница, на кои на дневен ред се закони кои треба да се прегласаат или не биле гласани. За 20 мај ќе биде закажана нова редовна пленарна седница со материјали кои се пристигнати во Собранието за време на претседателската кампања.

Актуелно

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

Повеќе вести