КОЈ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ АПСЕЊА: Кој ќе сноси одговорност ако докажеме дека пратениците бесправно се држат во притвор?

Поврзано

(Во живo) Христијан Мицкоски на сpeдбa со жителите на општина Кpивoгaштaни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од општина Кривогаштани. Неговото...

Да ја обновиме нашата родна татковина, да ги пoништимe сите пoнижyвaњa

Сите заедно, рамо до рамо, рака под рака, како што знаеме ние Македонците, сплотени и обединети, на денот на...

Силјановска Давкова и Муцунски на средба со претставници на „Полио Плус“- движење пpoтив хeндикeп

Носителката на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова, заедно со Тимчо Муцунски остваривја средба со Полио...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на повеќе актуелни теми разговара во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Тој вели дека пратениците бесправно се држени во притвор за случувањата на 27-ми април.

-Тоа е страшно што се случува со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои во моментов се наоѓаат во притвор. Веќе втор пат им е продолжен притворот за дополнително 30 дена. Пратеници, но и родољубиви патриоти кои нова година и божиќните празници ги поминаа позади решетки во затвор, бесправно држејќи ги таму иако знаеме дека голем број на луѓе кои во минатото беа осудени за сторен криминал се наоѓаат на слобода, нивните казни се преќинати и тие се ослободени. Навистина е еден тежок, еден траорен момент да се соочите со семејството на тие луѓе бидејќи и тие самите знаат дека се бесправно држени таму, рече Мицкоски.

Вели дека како претседател на најголемата македонска партија сочувствува со оваа ситуација и дека ги следи законите и правилата за да направи се и да се избори нивната невиност да биде докажана.

-Што доколку ние ја докажеме нивната невиност? Кој ќе сноси одговорност? Дали премиерот на државата? Министерот за внатрешни работи, што прекрши неколку членови од кривичниот законик и од Уставот на државата и од други типови на документи, ќе сноси ли одговорност и ќе поднесе ли неотповиклива оставка? Многу закони се прекршени во процесот на нивно апсење.Што доколку ние како луѓе и нивните адвокати ја завршат правната постапка, дали во Македонија или пред Судот за човеков права во Стразбур, и се донесе одлука дека апсолутно бесправно биле ставени во притвор? Мора да се воведе институтот “одговорност“ во оваа држава. Не може вие да имплементирате сила затоа што чувствувате дека сте силен човек. Мора да ги почитувате законите! Во првиот момент кога ќе се соочите со фактот дека не сте ги почитувале законите, вие мора да сносите одговорност за тоа, порача Мицкоски на Телма телевизија во интервјуто снимено во партиското седиште.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Народниот правобранител веќе го лоцираше проблемот и сите прекршувања на закони во постапката на приведување и ставање во притвор на пратениците, а министерот соочен со фактите дополнително манифестира ароганција тврдејќи дека ги почитува законите.

Актуелно

(Видео)Техничкиот министер за земјоделство качен на коњ вршеше проверка на шумскиот фонд

Ден со Цветан Трипуновски, во инспекција низ Огражден, проверка на шумскиот фонд и лов на потенцијална дрвосеча. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/745665222864670/

Во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Прилеп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Прилеп. Cледете во живо: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/360493781586587/

Во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Крушево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Крушево. Неговото обраќање во живо можете да го...

(Во живo) Христијан Мицкоски на сpeдбa со жителите на општина Кpивoгaштaни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од општина Кривогаштани. Неговото обраќање може да го следите...

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на 15 јули, Заев губи и во Муртино

ВМРО-ДПМНЕ победува на 15 јули ова го покажува најновата анкета на почитувана американска агенција за мерење на јавното мислење . Анкетите по изборни единици...

Повеќе вести