November 28, 2021, 10:08 am

Коњановски: Cитe пpoeкти ce peaлни coглacнo Бyџeтот и ќe бидaт peaлизиpaни, зa paзлика од СДСМ кои ништo oд тоа штo го вeтија нe нaпpaвијa изминaтивe 4 гoдини вo Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето знаат да препознаат, повеќе не се плашат и ги повикуваме да изберат по сопствена волја. Ќе работам и ќе реализирам се, значи се е реално и е во согласност со Буџетот на општината, рече кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на ТВ 24 во емисијата Студио 10.

Според него се што им беше ветено на граѓаните од СДСМ во претходниот мандат не се реализираше.

-Во изминатите 4 години не го остваривте тоа што го очекуваа граѓаните и сега доаѓате со истата програма со нова корица. Ама граѓаните веќе знаат да препознаат, рече Коњановски.

Коњановски покажа дека СДСМ имале можност да делуваат во изминатите 4 години.

-Вие настапувате од позиција на ароганцијата на СДСМ, народот тоа не го сака, му рече Коњановски на противкандидатот од СДСМ, Христо Кондовски.

Коњановски кој е епидемиолог рече дека во целата корона епидемија имаше само политиканство од власта.

-Сега ситуацијата се смирува затоа што граѓаните ги слушаат нашите препораки, препораките на лекарите. И морам да кажам дека вакцинацијата е единствена алатка за справување со пандемијата, рече Коњановски.

Latest News

Coпственикот на „Беса Транс“ без никаков cpaм за сериозните пропусти, се огласи на Фејсбук, повикувајќи се на Алах: Овие тестови се од Алах,...

Сопственикот на автопревозникот Беса Транс, Беким Хаџиу, синоќа на Фејсбук им изрази сочувство на семејствата на жртвите од сообраќајката...

More Articles Like This