Кралицата официјално го одобри бракот на принцот Хари и Меган Маркл

  • March 15, 2018

Кралицата Елизабета официјално му даде дозвола на нејзиниот внук, принцот Хари, да се ожени со Меган Маркл.

Во писмото што кралицата го испратила до Државниот совет на Обединетото Кралство го потврдила одобрението свадбата на принцот Хари и Маркл да се одржи во мај оваа година.

Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека потегот на кралицата е формалност затоа што таа веќе дала согласност. Кралската свадба ќе се одржи на 19 мај во замокот Виндзор.

Претходно «
Следно »