КРАЈНА ЦЕЛ Е БОСФОР: Филип и Христијан од Прилеп за еден ден извозија 235 километри на велосипеди

  • May 19, 2019
  • Коментари

Филип Илиоски и Христијан Мојсоски успешно ја поминаа првата етапа од нивниот подвиг, каде што со велосипеди треба да извозат 800 километри од Прилеп до Истанбул, или како што тие го нарекоа “Bike tour Bosphorus”.

Вчерашната етапа им беше долга 235 километри и како што велат, иако напорна, сепак мотивот бил голем да ја поминат.

„Стасавме во Митроуси, село на 15 километри до Серес. За прв ден извозивме 235 километри. Супер поминавме, не беше лесно, но мотивот е голем. Денеска времето беше жешко, 27 степени, но одлично ни оди засега. Вечерва ќе преспиеме во шатор, а утре со нови сили продолжуваме“, велат Христијан и Филип за порталот “Инфо Компас”.

Претходно «
Следно »