КРАЈ НА ШОУТО НА КАРДАШИЈАН: По 16 сезони престанува да се емитува познатото шоу на семејството Кардашијан

  • April 9, 2019

Семејството Кардашијан направи 16 сезони на шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, каде имаше расправии, плачење, смирување…

Сега, изгледа дека дојде крај на една ера. Кајли Џенер повеќе не сака да биде дел од ријалити шоуто, пренесува „The Sun“.

Иако се појавува во трејлерот за претстојната сезона, Кајли се откажала од снимањето, откако Тристан Тимпсон ја изневери Клои Кардашијан со најдобрата нејзина пријателка, Џордин Вудс.

„Многу е нервозна после ситуацијата со Џордин и не сака да се носи со тоа“, рекол пријател на најмладата милијардерка.

Сепак, нејзината мајка Крис Џенер ја убедува да се врати на снимањето.

„За потпишување на договор, потребно е учество на сите девојки во наредната сезона. Меѓутоа, на Кајли тоа не ѝ е потребно. Едноставно порасна во таа емисија“, додал пријателот.

Според претпоставките на странските медиуми, дополнителна причина поради што повеќе не сака да биде во шоуто се парите кои ги заработила преку својата козметичка линија. Сепак, за оваа ситуација никој од семејството Кардашијан не се огласил.

а потсетиме, Тристан во февруари ја изневери Клои, со која ја имаат ќерката Тру.

„Клои доби информација дека Тристан и Џордин се бакнувале. Го нападна Тристан и тој на крајот призна“, открил тогаш пријателот.

Целото семејство е шокирано, а Кајли ги прекинала сите контакти со некогашната најдобра пријателка.

Претходно «
Следно »