КРВАВА ОДМАЗДА НА ИЗРАЕЛ: Започна воздушната инвазија на Газа!

  • July 20, 2018

Израелската авијација започна со масовно бомбардирање на објекти на палестинските борци во Појасот Газа како одговор на „сериозен пограничен инцидент“, за што е одговорно движењето Хамас, кој управува со енклавата, соопшти прес-службата на војската


„Авионите на военото воздухопловство на Израел неодамна започнаа со голем налет над воени цели на Хамас по целиот Појас Газа. Како одоговор на сериозен напад на израелската војска, армијата сега изведува голем напад на различни точки“, се наведува во соопштението.

„Војската сериозно се однесува кон денешниот напад и непријателските активности на Хамас во последните неколку месеци. Хамас го избра курсот на ескалација и ќе одговара за своите акции“, објави војската.

Војската претходно соопшти дека нивните сили биле мета на снајперски оган на границата со енклавата. Засега нема податоци за губитоците.

Претходно «
Следно »