КРВАВА ТЕПАЧКА ПО МЕЧОТ ОЛИМПИЈАКОС-БАРНЛИ: Еден прободен и тројца претепани англичани во Атина

  • August 24, 2018

Фудбалерите на Олимпијакос го победија Барнли со 3:1 во првиот натпревар од плеј-оффот за влез во групната фаза на Лига Веропа, но натпреварот остана во сенка на инцидентите, предизвикани од навивачите на грчкиот тим.

Околу 1.000 фанови на Барнли дојдоа во Грција, за кого ова е првата сезона со учество на евротурнир по 42 години. Англичаните мирно седеле во градските кафулиња и пееле, но хаосот настанал кога тргнале кон стадионот да го проследат натпреварот.

Навивачка група била пресретната од домашни хулигани, познати како едни од највоинствените во Европа, па почнле да ги напаѓаат.

Еден Англичанец е прободен со нож во гради и пренесен во болница заедно со тројца други, кои биле брутално претепани.

Полицијата, исто така, задржала 23 англиски навивачи, главно поради тоа што биле пијани, а Олимпијакос му понудил помош на Барнли за нивните повредени навивачи.

Претходно «
Следно »