КРВАВИ СЦЕНАРИЈА ЗА МИРНИТЕ МАРШЕВИ: СДСМ се обидува да го обесхрабри народот од одбрана на државата преку лажни црни сценарија!

  • March 6, 2017
  • Коментари

СДСМ го лаже народот со наводни крвави сценарија, за да се обесхрабри народот кој секојдневно излегува на улиците низ градовите во Македонија во одбрана на унитарноста на Македонија.

 

krvava-sabota
 

Про-опозицискиот весник „Слободен печат“ во минатата недела објави текстот под наслов „Власта има сценарио да предизвика насилства: Се спрема ли крвава сабота?“

-Не е исклучено протестите да бидат насилни, со намерни провокации, инциденти, оштетување возила и слично за да се внесе страв и немир кај граѓанството, пишува во текстот на весникот.

krvava sabota2

Но како што можеме да забележиме, ниту протестите беа насилни, ниту имаше провокации и инциденти, а уште помалку оштетени возила, за разлика од Шарената Револуција, чии последици се гледаат и денес.

 

vmro-spomenik-640x853

За потсетување, активистите на Шарената Револуција ја искршија и ограбија народната канцеларија на Претседателот во Центарот на Скопје, ги боеја и сквернавеа спомениците во Скопје со што си подигруваа со македонската историја. Освен спомениците, мета на активистите беа и институциите, а најдобар пример е зградата на Министерството за Правда, кога по кршењето на прозорците, протестирачите удрија и на полицијата.

 

sarena-revolucija

Овие предвидувања на опозициските медиуми се уште еден доказ дека СДСМ игра на картата на етнички тензии, со што би се заплашил народот да не излегува на улиците и да не го искаже револтот кон албанската платформа, подготвена во Тирана под покровителство на Еди Рама. Овие текстови и лажни предвидувања на перјаниците на СДСМ имаат за цел да го тргнат вниманието на јавноста од платформата и се што опозицијата прифати со цел да дојде на власт.

Во платформата која ја потпишаа албанските партии, а ја подготви Владата на Албанија, се предвидува воведување двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб, вметнување на албанскиот јазик на парите, правење двојазични униформи за полицајците и армијата, како и воведување казни од три до пет илјади евра за неупотреба на албанскиот јазик.

Претходно «
Следно »