КРЕАТИВНОСТ НА ДЕЛО:Деца направија Православна црква од лего коцки!

  • February 7, 2019

Девојчето Анастасија и момчињата Ное и Елајџа дизајнирале, а потоа и изградиле православна црква и манастир. Ако застанавме овде, тоа ќе биде повеќе од импресивно. Но, вредните и талентирани дечиња отидао чекор понапред со тоа што црквата и манастирот ги направија со лего коцки.

Малите Руси, кои живеат во Америка, на овој начин, дадоа својот голем придонес кон верата и покажаа дека не е важно во кој дел од светот живееш, сѐ додека во срце и душа го чуваш она по е дел од твојот народ.

Децата се погрижија и за многу детали, па дури направија крстилница, каде што јасно е претставен симболот на крштевањето.

Претходно «
Следно »