КРИВИЧНА ЗА НАСИЛНИКОТ НА СДСМ: Јавното обвинителство го гони и насилникот на СДСМ кој нападна вработена во Основниот Суд!

  • February 14, 2017

Насилникот на СДСМ од Основниот суд Скопје 1, Горан Стаменковски заработи обвинение за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста“ од член 144 од Кривичниот законик. Стаменковски е обвинет дека и’ ја загрозил сигурноста на вработената во Судот, Паула Костадиноска.

obvinenie-640x505

Основното јавно обвинителство пред неколку дена до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен предлог против Стаменковски за загрозување на сигурноста на оштетената Костадиноска.

-На 15.11.2016 година, околу 11:30 часот, Стаменковски со сериозна закана дека ќе нападне врз телото на службено лице- оштетената Паула Костадиноска, вработена во Основниот суд Скопје 1 Скопје како советник, портпарол, а во вршење на службата и ја загрозил сигурноста на начин што откако влегол во канцеларијата се доближил до оштетената и почнал да ја бутка од столчето на кое седела обраќајќи и’ се на висок тон со зборовите “станувај од столчето“. Се заканил со зборовите “ќе видиш што ќе ти направам, ќе ме паметиш цел живот, нема да знаеш што ќе ти се случи“, а во еден момнт се свртел и кон сведокот- судија мафтајќи со прст и заканувајќи се со зборовите „еве и пред сведок ти кажувам што ќе ти се случи, ќе ме паметиш цел живот“, со што предизвикал чувство на страв и лична несигурност кај оштетената, се вели во обвинителниот предлог.

Според Обвинителството, со овие дејствија обвинетиот Стаменковски сторил кривично дела “загрозување на сигурноста“ од член 144 од Кривичниот законик. Јавен обвинител предлага Судот по изведените докази обвинетиот да го прогласи за виновен и казни според законот за стореното кривично дело.

Истиот Стаменковски, во јавноста се обидува да глуми и жртва на мобинг. Со неоснованата пријава против екс претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, Стаменковски практично го продолжи долготрајниот обид на СДСМ да се пресмета со Панчевски затоа што тој постапува по закон, а не по желбите на Зоран Заев и СДСМ.

Освен тужбата за мобинг, Стаменковски поднел и две кривични пријави, во кои го обвинува Панчевски дека подолг временски период го прераспоредувал на други работни позиции и го казнувал.

Неодамна, медиумите објавија фотографии на кои се гледа како Стаменковски е учесник на протестите организирани од опозицијата, и секогаш во близина на партиските функционери на СДСМ.

Претходно «
Следно »