КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПАРТИСКИТЕ КАДРИ: И тие што вработувале, и тие што се вработиле ќе одговараат кривично!

  • August 18, 2017

-Ова претставува едно грубо кршење на изборниот законик, кој што морам да кажам ќе има и кривична последица, односно сите оние кои што се огрешиле пред законот ќе мора да одговараат за ова што го прават и тоа кривично, бидејќи имаме мислење од страна на Антикорупциска што смееме, а што не смееме да правиме во периодот на предизборието. Ова мислење не кореспондира со овие акции кои што се случуваат, односно овој упад во институциите. Можам да кажам дека во периодот кој што следува ние како партија ќе се произнесеме темелно со примери каде што е направен овој упад и каде што се узурпирани овие институции, секако последица на тоа треба да биде една кривична постапка, која што треба да биде поведена пред соодветните судски органи, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека покрај кршењето на изборниот законик и инсталирање на партиски кадри, се поставуваат лица кои што се некомпетентни, не само по своето образование, туку и по оној профил, кој не одговара на таа институција.

-Ако имаме предвид дека пред да бидат истите тие номинирани и инсталирани во тие институции, се направи едно полагање на познавањето на странски јазик масовно, тогаш за какви професионалци станува збор кога ние како што би рекле во очи Божиќ прасето се гоело, со други зборови, во очи на самиот избор тие излегле да полагаат и да се стекнат со таков сертификат кој што е неопходен за да можат согласно законот за трговски друштва да бидат именувани, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека има и институции каде што се именувани кадри кои не ги поседуваат овие документи согласно законот. Тој најави дека во периодот кој што следи тие како политичка партија сериозно ќе поведат една постапка, во која што сите оние кои донеле незаконски одлуки ќе одговораат.

 

Претходно «
Следно »