КРИЗА ВО СЈО: Катица Јанева и Фатиме Фетаи се искарале – во СЈО формирани табори, едниот предводен од Катица, другиот од Фатиме

  • March 25, 2018

„Чарли имаме проблем“- Специјалното јавно обвинителство се подели на табори. Едната страна ја предводи главната обвинителка Катица Јанева, подржана од Ленче Ристоска, додека пак лидер на другиот табор е популарната Фатиме Фетаи. Според извори во СЈО, работата отишла до таму што вработените во обвинителство се поделени меѓу овие двата табора и секој работи во интерес на својата страна.

Телевизија Алфа, повикувајќи се на свои извори од СЈО, објави дека Фетаи, засилена од својата популарност прочнала да се однесува како главен обвинител, па дури и противречела на Јанева, која пак од својата страна сметала дека освен драматизирањето во јавноста, Фетаи имала слаб учинок меѓу обвинителите во предметите.

Изворот на Алфа додава дека Специјалната обвинителка Јанева на која од почетокот на основањето на СЈО и бил симпатичен настапот на прес-конференциите на Фетаи не ни помислувала дека таа ќе и сврти грб и ќе си направи свој табор во СЈО, па работата да дојде до таму, таа да и се спротиставува пред колегите.

Фетаи со своите драматизирања на прес-конференциите, интервјуата и настапите по медиумите се наметна во јавноста како најпопуларна од тројката што нивните подржувачи нагалено ја викаат „Чарлиеви ангели„. Ваквите настапи ги разлути нејзините колеги во СЈО, кои во јавноста паднале во втор план.

Револтот во СЈО бил голем бидејќи со настапите на Фетаи, јавноста имала претстава дека таа е најспособната и најработилвата обвинителка во СЈО, а вистината била дека тие работат далеку повеќе од неа, а за тоа не добиваат заслуги.

Коментирале дека на Фетаи не можела да и се спротивстави ниту Јанева.
Таборот на Фетаи во СЈО, се дружел и приватно, а на седенките се погласни биле шегите дека Фетаи еден ден ќе стане претседател на државата, што е нескриена желба и на обвинителката.

Контра-ударот против Фетаи стигнал кога на Апелациониот суд паднал случајот за Управните судии, поврзани со истрагата за изборните фалсификат, предмет што го работела Фетаи. Ова ја разутило Јанева, но и другите колеги, бидејќи како што вели изворот од СЈО, Фатиме досега имала сработено само 2 случаи, едниот падна на Апелација, а другиот „Насилство во Центар„, поради слабите докази тешко дека ќе заврши со резултат што би им се допаднал на обвинителите.

Нашиот извор тврди дека Јанева дури се заканила дека ќе ја казни Фетаи за случајот што и паднал на Апелација, но, сепак, тоа не се случило.

Дека односите меѓу „Чарлиевите ангели„ не се сјајни говори и последната прес-конференција на СЈО, каде изостана заедничкиот настап на препознатливата тројка, Јанева да стои заедно во придружба на обинителките Ристовска и Фетаи. Како што можше да се забележи, прво зборуваше Јанева сама, па потоа излезе Фетаи, што за многумина е само доказ за расколот меѓу обвинителките.

Претходно «
Следно »