December 9, 2021, 11:14 am

Купил Ламборџини од 270.000 евра – полицијата му го одзела кога се враќал накај дома со огромна брзина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луксузен спортски автомобил „Ламборџини хуракан“ е запленет од страна на полицијата во Данска.

Запленувањето доаѓа само неколку часа откако сопственикот го купил ова возило.

Се работи за ирачки државјанин кој живее во Норвешка, а го купил возилото во Германија за околу 270.000 евра.

Тој бил фатен како вози дури 236 километри на час на дел од автопатот каде што ограничувањето на брзината е 130 километри на час, додека се враќал во Норвешка

Според данските закони, полицијата има право да го заплени возилото на несовесниот возач и да го понуди на аукција, а парите одат во данскиот буџет.

Latest News

Приведен тетовчанец за издржување казна затвор

Вчера (08.12.2021) околу 20.50 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, го лишиле од...

More Articles Like This