КУРЦ И ЗАНИЕР: Осуда за инцидентот, да се продолжи дијалогот и да се почитуваат демократските процеси и исходот од изборите во декември

Поврзано

(Видео) „Време е за синдикално будење на работниците“: Голем сеработнички пpoтест за будење на работниците, за будење на заспаните синдикати и синдикални организации

„Време е за синдикално будење на работниците, за будење на заспаните синдикати и синдикални организации, но и синдикално будење...

Заев во понеделник во Брисел, се очекува да се разговара за одвојување на процесите за Македонија и Албанија

Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе отпатува за Брисел каде треба да остави средба со претседателката на Европската комисија,...

(Видео) Следете во живо: Пpoтест на Синдикат на полиција

Синдикатот на полицијата во Македонија, грански синдикат при КСС излезе на протест за подобри услови за работа враќање на...
- Advertisement -

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој е актуелен претседавач со ОБСЕ, и генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, издадоа заедничко соопштение во кое го осудија инцидентот во македонското Собрание во четвртокот попладне. Во соопштението се вели дека насилството не може да биде замена за политички решенија и дека одлуките мора да се носат согласно демократските процеси и на одговорен начин.

133674329-117559

– Шокантни се нападите врз неколку членови на Собранието и упадот во зградата на Собранието, кое е срцето на демократијата на земјата. Тоа беше чин на застрашување и напад врз претставниците на граѓаните, кој јас недвосмислено го осудувам. Редот и мирот мора веднаш да се воспостават. Ги повикувам сите страни да се воздржат од натамошно ескалирање на насилството, истакнува министерот Курц.

Заниер додава дека органите на редот мора да ја обезбедат сигурноста на сите пратеници и да се погрижат извршителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Курц и Заниер заедно ги повикуваат политичките партии да го продолжат својот дијалог во Собранието и да ги почитуваат демократските процеси и исходот од изборите во декември.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Што ќе прават лицата коишто примиле прва доза, власта вели потрошени се сите вакцини „Астра Зенека“?

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски на својот Фејсбук профил искоментира откако излезе информација дека кај нас...

More Articles Like This