October 27, 2021, 5:40 am

Курц: Caмитoт вo Бepлин ќe ja пoтвpди eвpoпcкaтa пepcпeктивa нa Зaпaдeн Бaлкaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека Западен Балкан е во непосредна близина на Австрија и дека Австрија е многу заинтересирана за стабилноста и европската иднина на тој регион.

– Западен Балкан е регион во непосредна близина на Австрија, со кој сме многу поврзани и економски, и политички и културолошки. Затоа сме многу заинтересирани за стабилноста на Западен Балкан – рече Курц во пресрет на видеосамитот со лидерите на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, пренесоа австриските агенции.

По покана на германската канцеларка Ангела Меркел, покрај лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија, ќе присуствуваат и премиерот на Словенија, како земја што претседава со ЕУ, и претседателот на Франција, Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и австрискиот канцелар, Курц.

Полски портали објавија дека на собирот ќе учествува и полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

Според иницијаторите, средбите на претставниците на ЕУ со лидерите на Западен Балкан, кои се одржуваат во рамките на Берлинскиот процес од 2014 година, имаат цел да поттикнат стабилност и мирен дијалог во непосредното соседство на ЕУ.

Австрискиот канцелар Курц рече дека покрај средбата за поддршка на европската интеграција на регионот и регионалната соработка, во преден план на средбата ќе бидат и борбата против пандемијата, миграцијата и економската соработка.

Нашата цел денес е да ја потврдиме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан.

– ЕУ ќе биде целосна само кога сите земји од Западен Балкан ќе се приклучат кон неа – рече Курц, пренесуваат австриските агенции.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This