КУЧИЊАТА ЛААТ, ВРАБОТУВАЊАТА ВРВАТ: Градоначалникот на М.Брод си го вработил цело семејство во Македонски Шуми

  • February 19, 2019

Македонски Шуми е уште една од институциите која се претвори во семејна фирма на владеачката партија.

По скандалозните партиски и роднински вработвања во МЕПСО и ЕЛЕМ на ред е и Македонски Шуми.

Имено, актуелниот градоначалник на Македонски Брод, Живко Силјановски, во подружницата на Македонски Шуми од истиот град успеал да го вработи својот син(Ивица Силјановски), како и неговиот внук (Андреа Силјановски), братот на командирот на Полициската Станица во М.Брод ( Давор Анѓелкоски), синот на директорот на Шумарската Станица „Сандански“ во М.Брод (Бојан Велјановски) и синот на поранешен пратеник од редовите на СДСМ(Синиша Анѓелкоски), инаку сите горенаведени се членови и функционери на СДСМ.

За скандалот да биде уште поголем, за овие вработувања била поднесена жалба и истата била уважена. Но тоа не го спречило градоналаникот на Македонски Брод, Ивица Силјановски и неговите роднини и сопартијци повторно да го спорведат огласот и повторно истите лица да бидат „бутнати“ во Македонски Шуми.

Ова е само уште еден од бројните скандали со партиски и родниндки вработувања на функционери на СДСМ. Останува на Зоран Заев да побара откази и оставки од горенаведените

Претходно «
Следно »