October 23, 2021, 9:10 am

Кaлeндaр нa МПЦ: Дeнeскa e Прeпoдoбнa Мaкринa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 јули.

Денеска е Преподобна Макрина.

Света Макрина беше сестра на двајца познати и славни светители Василиј Велики и Григориј Ниски. Во својата младост таа беше свршена со некое момче што умре уште пред да се земат, а Макрина се заветува никогаш да не стапува во брак, велејќи: не е право девојка свршена со еден свршеник да се земе со друг; според природниот закон треба да има едно сопружништво, како што има едно раѓање и една смрт.

Таа тоа го правдаше уште и со верата во воскресението, не сметајќи го својот свршеник мртов, туку жив во Бога: грев е и срамота сопругата да не ја сочува верноста кога сопругот ќе и замине во некоја далечна земја. И понатаму целиот живот го помина во длабоко богомислие и подвиг. Се упокои во 379 година, набргу по упокојувањето на својот брат Василиј.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Алфонз Марија де Лигуори.

Бил роден во Неапол, во 1696 година. Го основал Конгреацијата на Пресветиот Исцелител. Проповедувал меѓу народот и го ширел христијанскиот живот. Пишувал книги за моралот, па затоа бил наречен “Татко на христијанскиот морал”. На 66-годишна возраст станал бискуп во бискупијата Санта Агата деи Готи. Ја почитувал мајката Господова и во нејзина чест напишал книга која била преведена на многу светски јазици. Умрел во 1787 година.

Latest News

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев тpи пaти лaжe дeкa ja paзбpaл пopaката, а за ниту еден kpиминaл нeмa oдгoвopнocт, тој пaк лaжe за да мoжe дa...

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат колку пати Заев тврдеше дека ја разбрал пораката, за на крај да излаже за да краде? -Заев...

More Articles Like This