December 8, 2021, 5:50 am

Кaj млaдитe нa вoзpaст од 15 до 24 години зa пeтпaти e згoлeмeн бpojот нa зapaзени co дeлтa cojот нa кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во следните неколку месеци делта варијантата ќе биде глобално доминантен вид. Веќе е идентификувана во речиси сите европски земји и ќе продолжи да се шири.

За жал, во многу земји во нашиот регион, забележуваме значително зголемување на преваленцијата на многу заразната делта мутација. И покрај огромните напори на земјите-членки да ги вакцинираат луѓето низ целиот регион, уште милиони остануваат невакцинирани и затоа се изложени на ризик од хоспитализација, вели д-р Ханс Клуге, регионален Директор на СЗО за Европа.

Во последните четири недели, од седмица во седмица се поголем е бројот на заразените со корона вирусот, процентот е зголемен во сите возрасни групи, но најмногу меѓу младите од 15 до 24 години, каде што во последниот месец има пет пати поголемо зголемување на регистрираните случаи.

Добрата вест е дека податоците јасно покажуваат дека целосната вакцинација значително го намалува ризикот од сериозни болести о смрт. Кога ќе бидат повикани да го сторат тоа, луѓето треба да се вакцинираат, наведува Клуге.

СЗО и ЕЦДЦ ги повикуваат приоритетните групи како што се возрасни лица, лица со хронични болести и здравствените работници да бидат вакцинирани против ковид-19 со цел да ги заштитат ранливите луѓе со кои контактираат од сериозни болести.

Покрај тоа, се препорачуваат брзи вакцинации за сите групи. Со ширењето на делта варијантата, ќе се бара интензивно спроведување на тековните мерки за јавно здравје, вклучително и засилен пристап до тестови, за следење на пренесувањето на ковид-19, особено затоа што напредокот на вакцинацијата е низок во многу земји.

Патувањето не е без пизици. Патувања и групни собири може да го зголемат ризикот од инфекција и ширење на ковид-19. Ако сакате да патувате, размислете за потребата и разгледајте ги вашите ризици, наведува ЕЦДЦ.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This