October 18, 2021, 5:04 pm

Кopoнaвиpycoт гo нaмaли живoтниoт вeк зa 10 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Докторка по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на Универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова изјави дека главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години.

– Главното сценарио сега е ова: вакцините функционираат некако, вирусот исто така мутира. Сите чекаат. Човештвото полека се помирува со идејата дека очекуваниот животен век е намален за десет години. Додека луѓето се млади и имуни, тие се справуваат со дури и со повеќекратни имунизации. Меѓутоа, како што старееме, телото се повеќе се разболува, а коронавирусот е една од тие болести, така што животниот век се намалува … Имаме нов природен непријател, посочи Баранова.

Таа додаде дека е можно вирусот природно да ослабне со текот на времето.

– Постои природна селекција кај секоја популација. И кај луѓето. По две или три генерации, во просек, луѓето подобро ќе се справат со коронавирусот, дури и без лекови. Структурата на вирусите што го погодуваат човештвото, исто така, може да се промени, можеби конечно грипот ќе се намали, наведе додаде Баранова.

Latest News

Собранието со нов состав, ова се новите пратеници

Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новиот пратеник во Собранието на Република Македонија, откако досегашниот пратеник Дарко Костовски успеа...

More Articles Like This