Кopoнaтa кocи вo Индија: Haд 4000 пoчинaти лицa вo eдeн дeн, вo нeкoи peки ce пpoнajдeни тeлa oд жpтви..

Поврзано

- Advertisement -

Индија известува дека има мало намалување на бројот на заразени од Ковид-19 трет ден по ред, но расте бројот на починати кој за 24 часа е поголем од 4.000 лица а вкупно 270.000 луѓе починаа во земјата како последица на Ковид-19, известуваат агенциите.

Масивниот втор бран на заразени со коронавирус во Индија започна во февруари, предизвикувајќи колапс на болниците.

Здравствените власти изјавија дека кај нив се зголемени надежите дека дневниот број на новозаразени со коронавирус започнал да се стабилизира.

Сепак, забележано е нагло зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 во држави како Тамил Наду на југ и во руралните области. Премиерот ги повика официјалните лица да ги зајакнат здравствените ресурси во руралните области и да го засилат надзорот, бидејќи вирусот брзо се шири во овие области откако ги уништи градовите.

Од друга страна полициски служби информираат дека во некои индиски реки се пронајдени фрлени тела на починати кои биле жртви на Ковид-19.

Според индиските медиуми најголемата земја за производство на вакцини има вакцинирано нешто повеќе од 40,4 милиони луѓе или само 2,9 проценти од вкупното население чиј број изнесува 1,35 милијарди.

Индија ќе има 516 милиони дози на вакцина против Ковид-19 до јули, изјави вчера министерот за здравство Харш Вардан.

Latest News

(Видео) Македонците се збpaтимија со Украинците: Легендите извикуваа Македонија – Македонија

Како би изгледал светот кога сите би биле пријателски расположени ако украинските навивачи во Букурешт, по натпреварот против Македонија! Додека...

More Articles Like This