ЛАВРОВ ГИ ПРЕДУПРЕДИ АМЕРИКАНЦИТЕ: Уште еднаш им велам на колегите од Америка – не си играјте со оган!

  • February 19, 2018

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги повика САД да не си играат со оган во Сирија и да прават одмерени чекори во однос на сирискиот народ и регионот во целина

„Уште еднаш ги повикувам нашите американски колеги да ни се играат со оган и да прават одмерени чекори не на основа на непосредните потреби на политичкото окружување, туку пред се на долгорочните интереси на сирискиот народ и сите народи од овој регион, вклучително и Курдите, секако“, изјави Лавров на отварањето на конференцијата на Меѓународниот дискусионен клуб Валдај под назив „Русија на Блискиот исток: Играјќи на сите полиња“.

Тој додава дека „зачувувањето на суверенитетот и територијалната целовитост на Сирија – е услов не само не меѓународното право во целина, туку и конкретна резолуција 2254. Ние со загриженост гледаме на обидите да се распарчи Сирија. Такви стравови се раѓаат поради запознавањето со плановите кои САД почнуваат да ги реализираат на терен, пред се на источниот брег на Еуфрант, на голема територија помеѓу реките и надворешните граници на Сирија со Ирак и Турција“.

Министерот додаде дека Русија поседува докази и располага со информации дека САД не сака да се бори против Ал Нусра фронт.

Претходно «
Следно »