ЛАВРОВ ЗА СИТУАЦИЈАТА НА БАЛКАНОТ: По соопштението на Руското МНР, Лавров во телефонски разговор разговарал со Федерика Могерини!

  • February 3, 2017
  • Коментари

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и високата претставничка на Европскта Унија за надвореши работи и безбедност Федерика Могерини, разговараа преку телефон за ситуацијата во Украина и можностите за одржување на билатерален состанок, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија

lavrov_mogerini

„За време на разговорот се зборуваше и за ситуацијата во Либија, сириските проблеми, заострување на ситуацијата во Украина, ситуацијата на Балканот“, се наведува во соопштениет.

Востаниците и украинските сили за безбедност соопштија дека се заострува ситуацијата во Донбас. Спротивставените се обвинуваат за засилување на интензитеот на нападите и обидите за напредување кон линијата на разграничување во Доњецк

Лавров и Могерини се „договорија да одржат состанок на маргините на еден од претстојните самити поради попоробно разгледување на можностите за соработка во решавање на меѓународните и регионалните проблеми и подобрување на односите помеѓу Русија и ЕУ“, се наведува во соопштението.

Разговорот, како што се истакнува во соопштението е на иницијатива на Брисел. Во Бон на 16 и 17-ти фебруари ќе биде одржан министерски состанок на Г20, додека во Минхен од 17 до 19 фебруари ќе се одржи Минхенската конференција за безбедност.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за надворешни работи на Русија преку соопштение изрази загриженост за состојбата во Македонија, каде што велат поради интензивно вмешување на некои западни земји се дестабилизира државата и се предизвикуваат вештачки кризи. Според Руската Федерација, во Македонија треба да се признае легитимитетот на народот кој јасно стави до знаење дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети.

Претходно «
Следно »