ЛАВРОВ ОД МИНХЕН: Не oбвиниja дека се мешаме во Македонија, но се уште не доставиле докази!

  • February 16, 2019

Не се доставени никакви докази за мешање на Русија во прашањето за промена на името на Македонија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на Минхенската конференција за безбедност.

– Бевме обвинети дека се мешаме во проблемот со промената на името на Македонија, но не ни доставија никакви докази – рече Лавров, истакнувајќи дека односите меѓу Русија и Западот ги имале сите шанси за успех, меѓутоа, според него, изборот бил направен во корист на натоцентризмот.

Претходно «
Следно »