ЛАВРОВ: Црна Гора ја вовлекуваат во НАТО пред заминувањето на Обама, без да го прашаат народот

  • December 9, 2016

Москва смета дека Црна Гора се обидуваат да ја ,,вовлечат“ во НАТО пред истекот на мандатот на американскиот претседател Барак Обама, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на конференцијата за медиуми по заседавањето на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Хамбрудг.

lavrov-ria-1

Сега НАТО грозничаво ,, ја вовлекува“ Црна Гора во своите редови. Никој не го праша народот во Црна Гора. За ова прашање сметам дека е неопходно да се праша народот . Имам чувство дека сега се подготвуваат да ја вовлечат Црна Гора до истекот на мандатот на администрацијата на Обама-изјави Лавров.

Во Мај 2016 година , членките на НАТО потпишаа протокол за пристапување на Црна Гора во НАТО, што и дава статус на набљудувач на состаноците. После тоа државите-членки го ратификуваат протоколот , Црна Гора потоа ќе стане рамноправен член на НАТО.

 – Задоволни сме што на Советот на министри за надворешни работи јасно беше потврден  консензус за потребата од активна борба против тероризмот и да се зголеми ефикасноста од работата во борбата против  нарко-индустријата, и сметам дека тоа ќе биде најголем наш успех-рече Лавров.

– Се надевам дека овој консензус, кој е очигледен, ќе биде оплоден во документ-додава шефот на руската дипломатија.

Претходно «
Следно »