ЛАГИТЕ ДЕСЕТКРАТНО ЌЕ ИМ СЕ УДРАТ ВРЗ ГЛАВА: Приказната на СДСМ за фантомските гласачи десеткратно ќе им се удри врз глава- овој народ е умен

  • December 2, 2016
  • Коментари

Издржавме две и пол години, цела држава беше под тортура, не само од СДСМ туку и од нивните сценаристи. Се добро пресметале, само заборавиле дека оваа држава има силен и умен народ, кој знае да расудува, знае да наградува, а знае и да казни како што ќе го казни СДСМ, истакна вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Штип, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

gr-333-640x320

Тој порача дека единствена гаранција дека политичката криза ќе заврши е 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Тоа со сигурност ќе значи дека Македонија добива стабилна влада и започнува да се движи во стабилна економска насока, кон нови работни места, решавање на мноштво проблеми на граѓаните, зголемување на стандардот на населението, влез во НАТО и ЕУ, рече Груевски.

Напомена дека кризата СДСМ ја започнаа со фантомските гласачи и приказната што ја пласираа за фантомските гласачи десеткратно ќе им се удри врз глава.

-Заборавија дека со таа приказна две и пол години си го лажат и потценуваат сопствениот народ, пред 2 дена излезе ДИК која што е под нивна доминантна контрола излезе дека нема 500.000 фантоми, туку 5000 луѓе ќе гласаат повеќе. И сега тие луѓе што ги лажеа чекаат да гласаат за нив. Направија само штета на имиџот на државата. Тоа потценување на сопствените народи го гледаме и во оваа кампања во која мислат дека ако му кажат на секој што сака да слушне независно дали ќе можат тоа да го исполнат, дека некој ќе им верува. Тоа е обид за уште една голема измама. Тие веруваат дека македонскиот народ е заостанат. Можеш да лаже колку сакаш, но треба да најдеш некој да ти верува. Но такви се помалку има во Р. Македонија, рече Груевски.

Како на примери за лагите и ветувањата на Заев, тој ги посочи, враќањето на ДДВ и зголемувањето на просечната плата, но како што рече, народот веќе ги разобличи и на 11 декември ќе ги казни СДСМ.

Груевски рече дека последните денови на граѓаните им станува јасно која беше целата на кризата.

-Откако почна да раскажува како Македонија ќе ја направи двојазична, дека и Уставот ќе го смени, рамковниот договор треба да се прошири, откако го слушавме како е воодушевен со кантоните во Швајцарија, на народот му стана јасно, дека навистина идејата е за редефинирање на Македонија.

Претходно «
Следно »