ЛАЖЕ, ВЕЃИ ПАЃААТ: Досега нема ветување кое Заев го дал, а е исполнето – напротив, сопствените ветувања пред граѓаните ги погазува во секоја прилика!

  • July 5, 2017

Речиси и да нема ветување кое Заев го даде за време на изборната кампања, а кое веќе не е прекршено, сметајќи на кратката меморија на народот, а опишана во колумните на Тричковски, Геровски, Најчевска и Ордановски кои за граѓаните тврдеа дека се „проста раја“ со глава полна измет

 

Од ветеното продолжување на платеното породилно отсуство нема ништо. Во предизборието СДС, на големо ветуваше дека кога тие ќе дојделе на власт, веднаш ќе поднесат иницијатива до Собранието каде што со закон ќе се уреди зголемувањето на периодот на платено породилно отсуство, со што ќе се помогне да се стимулира наталитетот, и ќе се олесни на младите семејства.

Реалноста е дека наместо СДС, предлогот за породилно отуство го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а СДС гласаше против.

Друга, можеби и најголема лага е онаа за укинување на радиодифузната такса. Ова ветување беше едно од носечките на кампањата на СДС. Денес, исто така на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата на Заев во Собранието гласаше против укинувањето на радиодифузната. Со ова, граѓаните се уште еднаш излажани.


И не само тоа. Во текот на кампањата, Заев на големо ветуваше дека опозицијата ќе биде таа која ќе го избира јавниот обвинител. Откако тоа го направи опозицијата, Заев денес на прес конференција, заборавајќи што ветувал претходно, изјави дека барањето на опозицијата било „лицемерно“. Но, она што е навистина лицемерно се безочните лаги на СДС и Заев, кои за граѓаните сметаат дека се со кратка меморија, без мозок и небањати.

Претходно «
Следно »