ЛАЖИРАНИ БРОЈКИТЕ: Филипче се обиде да прикрие над 20 случаи во рок од 3 дена

Поврзано

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија најави дека во 18:15 часот ќе одржи јавна седница. Се очекува ДИК да ги објави неофицијалните конечни...

Бродиќ: Каква е оваа ситуација? Во Вевчани, каде што ни слаткарот не е Албанец, 75 отсто за ДУИ?

Хрватскиот новинар и политички аналитичар Иван Бродиќ не може да се изначуди на нелогичните резултати од вонредните парламентарни избори...

Детската клиникa постави монтажна општа амбуланта за зaштитa од ширење на кopoнавирусот

Министерството за здравство денеска соопшти дека е поставена монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести,...
- Advertisement -

Власта предводена од СДСМ одамна го изгуби својот компас. Зоран Заев, Венко Филипче, политичарот во обид од редовите на СДСМ, Караџовски од комисијата за заразни болести, го изгубија својот компас и се подготвени да газат и по човечки жртви, само за да ненормалната нормалност ја прикажат како едно нормално секојдневие, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Во моментов заради загубениот компас на СДСМ, бидејќи не знаат на каде тераат и важни им се единствено нивните функции, во Република Македонија за жал се случува експлозија од новозаразени, каде што секојдневно има над 100-тина заболени. Сите околу нас веќе ја победија пандемијата, само ние се уште го достигнуваме пикот и за жал најавите од експертите се дека ќе биде уште полошо. До вчера од СДСМ велеа одиме на избори, за да воведат полициски час од вчера во одредени општини, што уште еднаш покажува дека е тотална дезориентираност и очај на оваа Влада предводена од СДСМ, рече Арсовски.

Додаде дека уште еден показател кој претставува сериозна загриженост за граѓаните, Венко Филипче во неколку наврати се обидува да прикрие бројки на новозаболени од корона заразата нормално по наредба на Зоран Заев, нешто што е навистина сериозно и за ова треба да се одговара.

– Најпрвин директорот на болницата во Штип кој е член на СДСМ, поранешен пратеник на СДСМ, пред неколку дена објави дека има 14 нови заболени во Штип, а Венко Филипче истиот тој ден подоцна објави дека има само еден. Значи Венко Филипче се обиде да сокрие 13 случаеви во Штип. Неверојатно. Потоа истиот Венко Филипче најпрвин објави бројка од 67 новозаразени на целата територија на Република Македонија за да после неколку часа да дополнат од министерството преку соопштение дека не се 67 туку се 76 новозаразени. Неверојатно е со каква леснотија кријат новозаболени. Вчера Аце Коцевски градоначалникот на Велес од редовите на СДСМ објави дека има четворица новозаразени, а Филипче подоцна на својот фејсбук профил објави дека има само двајца велешани кои што се новозаразени од корона заразата, објави Арсовски.

Додаде дека само во 3 наврати, Венко Филипче се обиде да прикрие над 20-тина случаеви во рок од 3 дена.

– Колку ли само има прикриено случаеви Венко Филипче низ целата држава што не ги кажува само за да го задоволи својот шеф Заев и да каже дека се е нормално. За жал не е. Дезориентираноста на оваа неспособна власт не доведе до тоа да самите тие луѓе од СДСМ да бидат џелати на сопствениот народ. Секоја чест и нека им служи на чест ако продолжат за личен интерес на функционерите на СДСМ да го газат здравјето на граѓаните. Ништо не е поважно од здравјето на граѓаните, порача Арсовски на денешната прес-конференција.

Latest News

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија најави дека во 18:15 часот ќе одржи јавна седница. Се очекува ДИК да ги објави неофицијалните конечни...

Бродиќ: Каква е оваа ситуација? Во Вевчани, каде што ни слаткарот не е Албанец, 75 отсто за ДУИ?

Хрватскиот новинар и политички аналитичар Иван Бродиќ не може да се изначуди на нелогичните резултати од вонредните парламентарни избори во Македонија. „#КакваЕОвааСитуација Во Вевчани, каде...

Изборен инженеринг кој е повеќе од очигледен, бројките на ДИК не одговараат со реалната ситуација на терен

Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека изборен инженеринг кој е повеќе од очигледен бидејќи последните достапни резултати, кои беа објавени...

Неколку инциденти со пукање регистрирани доцна синоќа

Синоќа околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул.„Коста Новаковиќ“, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало...

Еколошка катастрофа во Вардар, инспектори на терен се бара виновникот

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон,...

More Articles Like This