ЛАЖНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ И САМОВЛАСТИЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Дали меѓународната работи на расцепкување на ВМРО-ДПМНЕ?

  • November 8, 2018

Иако исклучени од партијата, Никола Тодоров заедно со Петар Богојевски, Емилија Александрова и уште неколку други лица на кои им беше одземено членството од ВМРО-ДПМНЕ, присуствуаа во Хелсинки, на самитот на ЕПП . Имено тие се претставуваа како официјална партиска делегација иако не присуствуваа на официјалниот дел на конгресот на ЕПП и нема право на глас како што имаше едната и единствена делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Професорот Самоил Малчевски во своето вчерашно гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија ги разобличи лагите и манипулациите дека ВМРО-ДПМНЕ има паралелна делегација на конгресот на Европската Народна партија. Имено тој посочи дека фактичката состојба е дека ВМРО-ДПМНЕ ја претставува само една делегација на конгресот на ЕПП, предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски која има право на глас и присуство на официјалниот дел од конгресот. Додека на неофицијалниот дел како што се форуми, дискусии, дебати, панел дискусии може да присуствува било кој со уредно доставено барање испратено по меил. Малчевски напомена дека и тој во минатото иако бил само обичен член на ВМРО-ДПМНЕ присуствувал на еден од конгресите на ЕПП.

Ваквата состојба укажува и на кршење на членовите 391 и 392 од Кривичниот Законик за Лажно претставување и Самовластие од страна на исклучените од ВМРО-ДПМНЕ кои се претставуваат како партиска делегација . Имено според членот 391 ,, Тој што со намера за себе или за друг да прибави корист или на друг да му стори штета, лажно се претставува како службено или воено лице или неовластено носи знаци на службено или воено лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година’’.

Исклучените од ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат гонети и според членот 392, односно ,, тој што самовласно прибавува некое свое право или право што смета дека му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци’’.

Ваквата состојба укажува и на аргументиран сомнеж дека меѓународната заедница работи на расцепкување на ВМРО-ДПМНЕ, со цел остварување на добро позната максима ,, раздели па владеј’’. Целта е јасна, имплементирање на Договорот од Преспа по секоја цена со цел остварување на сопствените стратешки интереси.

Претходно «
Следно »