ЛАШКОСКА СО ЦИТАТ ОД ЗАЕВ: “Го донеле Заев да го продаде името…ајде мајкатааа”

  • December 2, 2018

Собранието на Република Македонија на продолжението на 64. седница со 67 гласа „за“, четири „воздржан“ и 23 „против“ го утврди нацртот на амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија.

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, потсети на изјавите од премиерот Заев дека нема да има промена на уставното име на државата, особено на онаа дадена на митингот за локалните избори во Прилеп.

Целиот говор на Лашкоска погледнете го во продолжение:

Претходно «
Следно »