ЛЕК ДОСТАПЕН ЗА СИТЕ: Кина ги укинува царините за лековите за борба против рак

  • April 12, 2018

Додека САД и Кина секојдневно воведуваат давачки и царини за разни производи, кинеските власти изненадија денеска со најава дека ќе ги укинат царините за увоз на цитостатици.

Одлуката била донесена од страна на кинеската Влада, а ќе стапи на сила од 1 мај. Паралелно со овој чекор, Владата решила да го засили правилата за почитување на интелектуалната сопственост. САД и другите развиени држави честопати ја обвинуваат Кина дека ги крши овие правила и илегално фалсификува лекови, софтвер и други производи кои лесно се копираат, а за чиј развој се неопходни сериозни инвестиции.(МИА)

Претходно «
Следно »