ЛЕНЧЕ ПО КАФАНИ, КАТИЦА ЈА СНЕМА, ФАТИМЕ НЕ РАБОТИ: СЈО на зимски распуст, ама ботовите на Сорос редовно си лажат!

  • January 13, 2017

Последниот пат кога во јавност се појави Катица Јанева, беше денот на изборите на 11-ти декември минатата година во изјава за локалните медиуми, повикувајќи ги граѓаните својот глас да го дадат за нејзиниот сват од СДСМ, и нивниот „шеф“ Заев

katica

Веќе цел месец, од СЈО ниту трага ниту глас, освен кога повремено во медиумите ќе се појават фотографии или снимки од Катица и Фатиме на кои се забележани како лумпуваат на државен трошок, во друштво на скап алхохол и „одбрани“ гости по приватни забави.

Последното појавување на Фатиме во јавност беше фотографија на која таа и Ермира Мехмети самоуверено, со чашка жестоко прашуваа кој тоа можел да го затвори СЈО, односно да не го продолжи мандатот.

IMG_20161229_224443

Веднаш потоа, во не толку елегантна сцена се појави и Ленче Ристовска. На приватна Божикна забава во локално тетовско кафуле, во еуфорија, со чочеци во екстаза од популарност, пиење, пеење на увце и наздравување.

За последното нејзино појавување во јавност заслужен е новинарот Миленко Неделковски, во снимка на која се гледа прилично „расположениот“ танц на обвинителката Ристовска на песната „Твојте очи, Лено мори“ која и’ ја свират членовите на составот „Љубојна“.

Ова пак предизвика нервоза во редовите на опозицијата и „чадорот“ кој така ревносно во изминатите две години работеше на изградување на имиџот на специјалните обвинителки. Ленче Ристовска дури беше и стипендирана од страна на Американската влада, каде што беше на неколкумесечна обука на која Ристовска го печеше обвинителско-шоуменскиот занат. Очигледно неуспешно.

Ваквиот развој на настаните, предизвика потреба од итна реакција со цел да се одвлече вниманието од развратот на обвинителките, па за тоа го ангажираа системот на ботови, на кои единствена задача во животот им е да бидат корисни идиоти. Во случајов повеќе идиот отколку корисен.

Во целосно измислен текст, неточна информација, настан кој никогаш не се случил, човекот кој служи повеќе како идиот отколку корисен, Саше Политико на својот т.н. „портал“ објави информацијад дека СЈО наводно „влетало во Државниот архив, каде што се случила драма при испрашувањето на директорот Филип Петровски“.

filip_matel

Очајно.

Краткиот одговор на директорот на Државниот архив, на прашањето на редакцијата на Инфомакс, дали нешто вакво навистина се случило беше – „Нема такво нешто, се работи за 100 проценти измислена приказна“.

Ваквите очајни обиди на корисните идиоти, кои како ботови работат по нарачка не е случаен. Имено, во текот на вчерашниот ден општинските организации на СДСМ се дрзнаа да газат врз ликот на Тоше Проески, ширејќи лажна сторија за наводниот „убиец“ на легендата, од сомнителен хрватски портал кој во суштина не постои, а кога работи тогаш речиси без исклучок објавува информации во врска со Македонија.

tose_SDSM

Некрофилија и тотална забеганост.

Претходно «
Следно »