Лепа Брена сака ќерката на Цеца да и биде снаа

  • November 21, 2018

Лепа Брена сака Анастасија Ражнатовиќ да и биде снаа, а Цеца Ражнатовиќ се огласи по тој повод и истакна дека нема да се меша во изборот на својата ќерка.

Мама Брена би била задоволна кога Анастасија Ражнатовиќ би била снаа. А и јас. Таа е фантастична девојка. И двајцата имаме познати мајки, изјавил Стефан во емисијата „Гламур” и истакнал дека би сакал да снима дует со ќерката на Цеца.

Брена не се прашува! Имам ќерка и таа одлучува, изјавила низ смеа Цеца и истакнала дека на неа не би и пречело ако Анастасија се забавува со момче кое не е дете на познати родители.

Претходно «
Следно »