October 21, 2021, 1:39 pm

“Летаат” казни на сите страни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во акциска контрола на територијата на државата споведена изутрината од 05.00 до 08.00 часот, службеници на министерството за внатрешни работи казниле 210 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат од МВР, од санкционираните 210, 24 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од друга страна пак, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август спровело засилена контрола за санкционирање возила во кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 28 возачи.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Latest News

ХOPOP: Кичeвчaнeц гo y6ил свojoт тaткo co нoж

Во полициската станица во Кичево синоќа бил приведен 30-годишен жител на овој град, со иницијали М.М, поради сомнение дека...

More Articles Like This