ЛЕТА ВО ВСЕЛЕНАТА, ПУКА ОД ЛАСЕР, НЕМА ПИЛОТ: Новиот руски авион, за кој ќе се грижи вештачка интелегенција!

  • February 28, 2018
  • Коментари

Новиот руски ловец-пресретнувач ќе има можности кои се граничат со научната фантастика. Авионот ќе можеда лета во вселената и да се движи без пилот, а тоа се само некои од неговите карактеристики

Проектот по назив ПАК ДП (перспективен авијациски комплекс, пресретнувач од долг дострел) во медиумите доби назив МиГ-41, а се очекува во пракса да го замени пресретнувачот МиГ-31. На социјалните мрежи во Русија се појавија и можни неофицијални верзии од дизајнот на футуристичкиот ловец:

МиГ-41 должен развивать скорость до 4,3 Мах ♥♥♥РОССИЯ♡RUSSIA♥♥♥ MiG-41 will have the 4,3 Max speed and will be Russian 6th generation jet fighter =================================== #Russia #Russian #RussianAirforce #Airforce #RAF #RAAF #SUAF #Sukhoi #MiG41 #Awesome #Amazing #Fighter #USSR #Россия #РФ #Армия #ВВС #Истребитель #Сухой #МиГ41 #России #СоветскийСоюз #Вооружение #Сил #Сильно #Прекрасно #Интересно #СССР #Круто =================================== Follow our friends : @rus_army_moments @russian_media @german_troops @turkish_armedforces @serbian_army @mighty_serbia @mighty_ussr @mighty_england @farhatmobin @russian_and_serbian_army @world_of_weapons @city_forces @army_of_spain @british_special_air_service @ww1andww2colourised_photos @pak_faa @american_and_russian_forces @empire_of_japan

A post shared by 🇷🇺Российская Федерация🇷🇺 (@russia_19the91_motherland) on

Леталото би требало да го замени МиГ-31, рекол Иља Тарасенко од корпорацијата МиГ.
„Развојот се наоѓа о фаза на финализација на изгледот на авионот. Тоа ќе биде постепена транзиција од МиГ-31 кон ПАК ДА“, рекол Тарасенко.

Овој авион, меѓутоа, нема да биде само модернизација на МиГ-31, туку потполно нова машина. Авионот ќе може да лета во вселената, ќе има ново оружје, нови брзини и нов оперативен дострел.
„Ќе биде потполно нов авион во кој ќе бидат искористени сосема нови технологии за лет во арктичката зона. Авионот ќе ја чува целата граница на нашата татковина. Потоа, ќе биде развиен и беспилотниот програм.“

Авионот и понатаму е во фаза на развој, но може да биде воведен во производство кон средината на 2020-те, рекол Тарасенко.

Авионот ќе може да лета со брзина четири пати поголема од брзината на звукот, наведуваат руските медиуми, повикувајќи се на тест пилотот Анатолиј Квочура. Ако ја достигне таа брзина, авионот најверојатно ќе биде опремен и со контролни системи со вештачка интелегенција, за пилотите да можат да се носат со такви екстремни услови на лет, рекол експертот за авијација Фабрицио Поли.

„Ќе има одредени елементи на вештачка интелегенција, бидејќи човечкиот мозок не може да размислува така брзо. Многу нови технологии ќе бидат вградени во овој авион, тоа е сигурно“, рекол Поли за РТ.

Авионот би можел да биде опремен и со ласерско оружје, бидејќи Русија располага со прототип на такво вооружување, вели Владимир Михејев, заменик директор на Конценрот за радиско-електронски технологии.
Според неговите очекувања, ваков систем би можел да стане дел од опремата на ловците од шеста генерација.

Претходно «
Следно »