Лефков: Заев денес само го превоспитуваше мнозинството затоа побара да се гласа недоверба на Владата

Поврзано

Џафери ја злoyпотрeби функцијата претседател на Собранието

– Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција изјави дека смета оти ова што се случило...

Мицкоски до власта: Ова е тepopизам, а не 27 април

Претседдателот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на дрскоста на владеачката СДСМ, која со притисокот врз болните пратеници кои со скафандери се...

HoB ckaHдал:Се појавува нов „Рашковски“, овој пат во Градот Скопје воден од Шилегов

Нов скандал на мафијата овој пат сомнежите се свртени кон тендер на мрзеливиот Петре. Очигледно на повидок е нов...
- Advertisement -

Со барањето на Зоран Заев денес да се гласа за недоверба на Влада, тој само купи три месеци, бидејќи според Уставот најкратко во рок од 30 дена може да се постави прашањето за недоверба на владата. Едноставно тој направи превоспитување на своето мнозинство, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема говорејќи за денешното гласање во Собранието укажувајќи дека истото се случи токму сега кога ЛДП и Демократскиот сојуз соопштија дека ќе дејствуваат самостојно.

Лефков се осврна и на тоа што подолг период немаше седници во Собранието затоа што владеачкото мнозинство не можеше да се собере. Според него не може да се обвинува опозицијата затоа што владеачкото мнозинство не може да се собере и да има седници.

„Секогаш кога ќе дојдеше да нема мнозинство ја обвинуваа опозицијата, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги повика да се закаже една седница на која ќе се стават сите закони за здаравствена заштита. Ако го направеа тоа ќе добиеја поддршка. А зошто не го прават тоа затоа што селективно си ставаат закони кои они сакаат“, рече Лефков.

Пратеникот Лефков укажа и дека владеачкото мнозинство не сака да слушне дебата, не сака да ја слушне опозицијата.

„За илустрација кога поднесовме барање да се разгледува концептот за образование вие имавте над 15 процедурални прашања само за да не се расправа за концептот на Царовска“, рече Лефков

Latest News

Џафери ја злoyпотрeби функцијата претседател на Собранието

– Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција изјави дека смета оти ова што се случило...

More Articles Like This