ЛЕ МОНД ЗА СЕВЕРНА: Неизвесно е гласањето во грчкиот парламент, се чека на чудо

Поврзано

Лаже кај стигне: Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев му ветил на претседателот на ДПА, Мендух Тачи дека ако евентуално...

Бектеши ја иcкapa Царовска: Повеќе работи, помалку терај кампања!

Вицепремиерката Мила Царовска многу е зафатена со изборни активности па затоа нема време да се посвети на странските компании,...

До вчера 137 лицa со Koвид-19 и во изoлaцијa се пријавиле за гласање

Потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху изјави дека до вчера барање за гласање до општинските изборни комисии...

Француските медиуми опширно пишуваат за дадената согласност на Македонскиот парламент за промена на Уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија, јавува дописникот на МИА.

Француското меѓународно радио, насловува: „Македонија: историски договор во Парламентот за промена на името“, понатаму се наведува дека ова „е крај, или скоро крај, на старата кавга меѓу Грција и Македонија. При историското гласање „Македонскиот парламент прифати да и даде ново име на земјата која отсега ќе се вика „Република Северна Македонија“. Договор кој според РФИ ќе и дозволи на Македонија целосно да се интегрира во меѓународната заедница, како зачленување во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ..

Сите француски и франкофонски медиуми забележуваат дека резултатот од гласањето било „тесeн“ со само еден глас повеќе од потребното мнозинство и оти опозицијата од десницата не зела учество, освен дел од неа која гласала заедно со парламентарното мнозинство. Ова е резимирано од страна на „Курие Интернатсионал“, а притоа се нагласува дека „Ако Македонија сега го ратификувала договорот (од Преспа) сега на потег е грчкиот парламент“. Францускиот неделник го пренесува пишувањето на порталот „Политико“ од Брисел дека Алексис Ципрас се мачи да го обезбеди мнозинството по ова прашање но гласањето ќе биде во наредните седници.

– „Ако помине, Македонија ќе му се приклучи на НАТО до крајот на годината“, во тој контекст агенцијата АФП, се осврнува на посетата на Ангела Меркел на Атина, каде таа ја поздрави „одлучувачката улога на Алексис Ципрас кој се зафати да го реши ова трнливо прашање“ за новото име на Македонија. Како што АФП, ја пренесува изјавата на Меркел дека „Договорот ќе и дозволи на Северна Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ“ и оти овој договор е од интерес на сите, на Македонија, на Грција, на цела Европа“.

Угледниот париски „Ле Монд“ нагласува дека процесот за историскиот договор склучен во јуни меѓу Скопје и Атина беше „долг и полн со пречки“. По одлуката на Македонскиот парламент, сега Атина е таа која треба да го исполни својот дел од договорот, за да се стави крај на спорот стар триесет години. Според „Ле Монд“ гласањето во грчкиот парламент се очекува до крајот на месецот и тоа е неизвесно.

Интересно е дека во сите текстови посветени на уставните промени, франкофонските медиуми пишуваат „Македонија“, „Македонски парламент“, или како што напиша париски „Ла Круа“ непосредно пред гласањето  под насловот „Епилог на повидок за новото име на Македонија“, во кое го цитира шефот на македонската дипломатија кој пред околу еден месец беше во Париз и каде на повеќе пати повтори „Ние ќе останеме Македонци, ние ќе продолжиме да зборуваме македонски“, со други зборови како што заклучува весникот земјата нема да ја изгуби својата душа, викајќи се „Република Северна Македонија“, потсетувајќи на зборовите на Димитров во Париз пред фондацијата Роберт Шуман „Чудата се можни, па дури и на Балканот“ – невозможното парламентарно мнозинство беше најдено во Македонија. Сега на ред е чудото во Грција.

Актуелно

Комити со реакција за операцијата „Атлантик“: Горди сме затоа што бевме дел од кампањата за #Бојкот на понижувачкиот Референдум

Горди сме затоа што бевме дел од кампањата за #Бојкот на понижувачкиот Референдум. Ќе остане запишано дека бевме тука да го охрабриме народот, да истрае...

ДАЛИ „ДИЗ“ ФУКЦИОНИРА КАКО ПАРТИСКА ИСПОСТАВА НА СДСМ : По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи!

Спрегата Ненад Бошев , Мијалчо Ласков и Силвана Трбогазова обелоденета со документи, инаку таа истата спрега здраво одработува за СДСМ во ова предизборие. Ова тројство...

(Видео) Што договарала Шекеринска со Јанева и Јовановски?

Радмила Шекеринска по објавеното видео снимено во домот на Боки 13 сеуште молчи и бесрамно си тера кампања. Радмила Шекеринска мора да одговори, кога...

Мицкоски во Гевгелија,Дојран,Богданци и Валандово, носителите на листи во голем број активности и средби со граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителите на листи ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Повеќе вести