ЛИБАНСКО СЦЕНАРИО ЗА МАКЕДОНИЈА: Руски политиколог смета дека во Македонија не е исклучена можност за меѓуетнички судир поради притсоците врз Македонскиот народ!

  • February 25, 2018

Русија никогаш не се согласила некоја друга странска сила да го запоседне целиот Балкан. Тоа трае 200-300 години, а Америка е прилично нова во Балканските работи и не разбира дека многу земји имаат интерес на Балканот, поради нивната геополитика, географските и другите особеност, и затоа не можат да дозволат ниту една земја да завладее со целокупниот регион

Неодамнешните изјави на албанскиот премиер Еди Рама за Србија во контекст на Косово и Метохија, се полни со нешто што би можело да предизвика нови етнички судири на Балканот, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, и укажа на тоа дека се загрозува територијалниот интегритет на повеќе држави во регионот.

Америка позади таписеријата

Ставањето во пракса на мерки пропишани во Тиранската платформа, се истакнува во соопштениет, е преполно со она што ги подрива уставните темели на македонската држава – Охридскиот рамковен договор и како резултат на тоа, носи етнички немири во регионот. Сето ова, укажува МНР на Русија, оди заедно во склад со амбициите за „голема Албанија“ и го загрозува територијалниот интегритет на повеќе држави во регионот.

Позадината на сето тоа, сугерира за Спутник дипломатот Владислав Јовановиќ, е политичката замсла, пред се на Америка, во забрзана завршница да ги оствари преостанатите неостварени цели на Балканот и на тој начин да се реши од својата опседнатост за наводно влијание врз Русија на Балканот.

Се разбира, констатира Јовановиќ, тоа влијание е бескрајно мало во однос на вистинскиот, агресивен и динамичен притисок кој Америка и нејзините сојузници го вршат на Балканот, но се служат со тој политички слоган за да го убрзаат припојувањето на уште некои држави на таканаречениот Западен Балкан кон атлантските организации ЕУ и НАТО.

„И поради тоа во игра е уфрлен албанскиот премиер Еди Рама, кој никогаш не било тешко да се вмеша во внатрешните работи на соседните земји, не само во Србија и Македонија, туку повремено и во Грција. Така да не бираат многу средства ниту посебни ракавици во овие завршни чинкови кои треба да доведат до таканаречено потполно истиснување на влијанието на Русија од Балканот“, укажува Јовановиќ.

Зошто НАТО се брза за Македонија

Секако, образложува дипломатот, Русија реагира на тоа.

„Прво на постапките кои се непримерни и нестандардни во меѓународните односи претседател на Владата на земја како што е Албанија директно да се меша во внатрешните работи на соседните земји Србија, Грција, Македонија, во овој случај, со очигледна наклонетост кон Америка која ништо не прави да го опомене дека тоа не е во склад со меѓународната пракса, туку напротив се користи и албанскиот фактор за да се постигнат тие цели“, прецизира Јовановиќ.

Доколку тоа наговестено убрзано движење на Македонија кон НАТО се оствари, преку форсирање на договори со Грција околу името, а потоа и низ референдум да се форсира нова политичка рамнотежа во Македонија – помеѓу Македонците и Албанците – што не е во хармонија со Охридскиот договор, но одговара на брзо вовлекување на Македонија во НАТО – тоа, според мислењето на Јовановиќ не одговара на геополитичките интереси на Русија.

„Имено, не се гледа никаква убедлива надворешна причина зошто НАТО, кој е инаку толку богат со членство, покажува толку глад за нови членови, особено ако се знае дека во Европа постои ОБСЕ; заедничка организација, која помеѓу останатото, води или треба да води грижа за прашања од безбедноста“, смета Јовановиќ.

Така да ова, додава тој, претпоставува одбрамбена реакција од Русија, бидејќи е очигледен и доста блиска целта на зачленувањето на Македонија во НАТО и тоа во најбрз можен рок и начин не бирајќи средства ако тоа е потребно.

Прашањето за јазикот спаѓа во категоријата најчувствителни прашања на Балканот, констатира за Спутник политикологод Александар Сафонов и додава дека не се работи само за албанскиот јазик во Македонија, туку и, на пример, македонскиот јазик во Бугарија.

Албански „држави“

„Би рекол дека промената на статусот на јазикот води и кон промена на векторите на развој на државите. Македонците ја доживуваат Македонија како национална држава, затоа, изедначувањето на македонскиот и албанскиот јазик значи дека Албанците добиваат втора (или трета, ако го сметаме и самопрогласеното Косово) национална држава. Затоа, МНР на Русија со причина е загрижено за ситуацијата во Македонија“, јасен е Сафонов.

Сведоци сме до што доведе судирот помеѓу различните заедници во Либан, потсетува политикологот.

„Тоа сценарио би можело да се повтори и во Македонија. Затоа сите прашања треба да се решаваат на одмерен и чесен дијалог, во кој би учествувале сите малцинства кои живеат во Македонија. Секако дека реториката и однесувањето на Еди Рама не допринесува за нормализација на односите, но јасно е дека на тој начин Рама се обидува да го зголеми својот политички рејтинг“, вели Сафонов.

Внатре во албанските елити продолжува борбата за лидерство, истакнува тој, и засега нема лидер кој би бил спремен да ја превземе сетата одговорност за реализација на албанскиот национален проект.

„Во секој случај, без мешање однадвор на ниту една страна нема да може да излезе како победник во сегашната ситуација. А што се однесува до евентуално ‘руско влијание’, Русија засега може да допринесе во решавањето на македонската криза исклучиво преку СБ на ОН и другите меѓународни институции, бидејќи во самата Макдонија Москва нема големо политичко или економско влијаине“, резонира Сафонов.

Русија се враќа на светската сцена и на своите традиционални правци на политика и интерес, напоменува дипломатот Владислав Јовановиќ, а еден од тие правци е Балканот.

„Русија никогаш не се согласила некоја друга странска сила да го запоседне целиот Балкан. Тоа трае 200-300 години, а Америка е прилично нова во Балканските работи и не разбира дека многу земји имаат интерес на Балканот, поради нивната геополитика, географските и другите особеност, и затоа не можат да дозволат ниту една земја да завладее со целокупниот регион“, подвлекува Јовановиќ.

Не би било ниту политички јасно ниту уверливо, а ниту оправдано, да се бара исклучување на Русија од овој простор, истакнува Јовановиќ, бидејќи тогаш се поставува прашањето зошто не би барале исклучување на други големи сили.

„Притоа, тие други големи сили немаат ниту најмала намера тоа да го направат. Според тоа во прашање е геополитичка борба и геополитички интерес за зачувување на постоечкото и проширување на идно влијание на Балканот во кој се појавуваат многу земји, не само западни земји, и не само Русија, тука е и Кина, и Турција, тука е и Саудиска Арабија, Германија, која се обдиува да игра сопствена игра, не само заедничката со Западот“, наведува Јовановиќ.

Затоа, заклучува дипломатот, невозможно е Америка да ја постигне оваа цел, а да не ги уважи историските и геополитичките интереси на другите големи земји кои имаат интерес за Балканот.

Претходно «
Следно »